No Image x 0.00 + POST No Image

Која е Она Селарес? Психолог, наставничка и новата љубовница на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген

SHARE
22

Марк-Андре тер Штеген, прочуениот голман на Барселона, минатиот март го заврши својот повеќе од десетгодишен брак со Даниела Јеле – вест што ги потресе обожавателите ширум светот. Главната причина – наводна изневерa, трагични случувања и на крај неочекуван пресврт: новата љубов во неговиот живот, психологот и педагог Она Селларес.

Која е Она Селарес? Психолог, наставничка и новата љубовница на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген

Совршената љубов и семејниот живот на Даниела и Марк-Андре: Од Германија до Барселона, заеднички соништа и две деца

Даниела и Марк-Андре се запознаа во 2012 кога тој играше во Борусија Менхенгладбах. Заедно се преселија во Барселона, каде што Даниела заврши архитектонски факултет, но одбра да се посвети на семејството. Во 2017 се венчаа, во 2019 им се роди синот Бен, а во февруари 2024 година станаа родители и на малиот Том. Нивната приказна изгледаше совршено.

Совршената љубов и семејниот живот на Даниела и Марк-Андре: Од Германија до Барселона, заеднички соништа и две деца

Развод, скандали и медиумски шпекулации: Наводите за изневерување ја нарушија довербата во идиличното семејство

Причината за разводот ја запали јавноста: новинарка тврдеше дека Даниела имала афера со својот аргентински фитнес-тренер, а Марк-Андре веднаш се отсели во хотел. Фановите беа на негова страна. Сепак, самиот голман категорично ги негираше шпекулациите: „Даниела не ме изневери, нема трето лице. Мирно ја завршивме врската, и останавме во добри односи".

Развод, скандали и медиумски шпекулации: Наводите за изневерување ја нарушија довербата во идиличното семејство

Она Селларес – млад психолог и педагог, новата светлина во животот на тер Штеген

Во јуни, Марк-Андре првпат јавно ја покажа својата нова избраничка — Она Селларес. Таа е сертифицирана педагог и психолог со над 38.000 следбеници на социјалните мрежи. Обожува патувања, објавува совети за самогрижа и дели сеќавања од Колумбија, Португалија, Чиле, Италија и Грција. Сега патува заедно со тер Штеген, а нивната љубовна приказна се развива пред очите на јавноста.

Она Селларес – млад психолог и педагог, новата светлина во животот на тер Штеген

Болна спортска реалност: Повреда, губење место во тимот и нова борба за кариера во Барселона

Додека неговиот приватен живот се менува, професионалната страна е сè уште неизвесна. Во септември 2024 година, тер Штеген заработи тешка повреда – повреда на десното колено, поради што ја пропушти речиси целата сезона. Се врати во тимот во мај, ама Каталонците размислуваат да го продадат. Тој, пак, е решен да се бори за своето место.

Болна спортска реалност: Повреда, губење место во тимот и нова борба за кариера во Барселона