No Image x 0.00 + POST No Image

Патиките со „штикла“, што сите ги мразевме, се враќаат повторно во мода - младите се воодушевуваат на овој „нов“ тренд

SHARE
0

Тие повторно ја освојуваат модната сцена – wedge патиките од почетокот на векот! Познати по масивниот француски дизајн и честата употреба од ѕвезди како Бијонсе, Линдзи Лохан и Џенифер Лопез, овие чевли некогаш беа омразени заради својот впечатлив изглед. Денес, повторно се барани и тоа носи бран на поделени реакции.

Патиките со „штикла“, што сите ги мразевме, се враќаат повторно во мода - младите се воодушевуваат на овој „нов“ тренд

Wedge патиките се вратија благодарение на TikTok и модната револуција инспирирана од Y2K

Според најновите податоци на Lyst, wedge патиките – предводени од популарноста на моделот Bekett на Isabel Marant – бележат неверојатен пораст од 630% во побарувачката. Тие стигнаа до осмо место на листата на најтренди светски производи, заедно со SLIMS маичките и Prada suede патиките, докажувајќи дека модната историја се повторува.

Wedge патиките се вратија благодарение на TikTok и модната револуција инспирирана од Y2K

Младите девојки и трендсетерите ги сакаат овие патики

Новата генерација, предводена од ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт Вест, повторно ги внесува „штикла“ патиките во секојдневната мода. Овие удобни, шик обувки им даваат доза на „елеганција“ и визуелно ги издолжуваат нозете, што ги прави идеален избор за младите кои сакаат да привлечат внимание.

Младите девојки и трендсетерите ги сакаат овие патики

Миленијалците гласно негодуваат против враќањето на овие патики

Додека младите ги слават, многумина над 30 години негодуваат. „Не ги враќајте овие патики – wedge патиките се најгрдите обувки на светот!“, се некои од реакциите. Други се согласуваат: „Сеуште се катастрофални“. За нив, сеуште е прерано да најдат нешто убаво од модата од 2010-тите.

Миленијалците гласно негодуваат против враќањето на овие патики