No Image x 0.00 + POST No Image

Мразот се топи и ги открива најстрашните, најчудните и најтрогателните тајни на човештвото – Што пронајдоа научниците во глечерите?

SHARE
25

Знаете ли дека додека ова го читате, некаде во светот се топи мраз и открива нешто што било скриено со векови? Парадоксот на нашето време: глобалното затоплување, кое е закана за човештвото, во истовреме ни станува вистинска временска машина. Ледниците се повлекуваат и исплукуваат на површината приказни: неверојатни, морбидни, трогателни. Приказни за луѓе кои живееле, сакале и умирале многу пред нас.

Мразот се топи и ги открива најстрашните, најчудните и најтрогателните тајни на човештвото – Што пронајдоа научниците во глечерите?

1. Порака од минатото

1959 година, остров Ворд Хант, Канада. Американскиот геолог Пол Вокер прави нешто необично: пишува белешка, ја става во шише и ја крие под куп камења до глечер. Во белешката пишува: „Измерете го растојанието од тука до работ на мразот.“ Еден месец подоцна Вокер умира. Неговата порака останала скриена цели 54 години. Во летото 2013 година, научниците Ворвик Винсент и Денис Саразин го пронашле шишето. Кога го измериле растојанието, биле шокирани. Во 1959 година од карпите до глечерот имало 51 метар. Денес – 122 метри. За половина век глечерот се повлекол 71 метар! Една белешка – целата драма на климатските промени.

1. Порака од минатото

2. Крв од камено доба

Сибир, 2010 година. Мештаните наоѓаат нешто неверојатно – замрзната женка мамут, тешка еден тон. Ја нарекле Јука. Таа лежела во мразот 39.000 години! А изгледала како да починала вчера: крзното недопрено, мускулите цели. Најневеројатно – во вените имала течна крв. Научниците утврдиле дека заглавила во мочуриште. Долниот дел веднаш замрзнал, а горниот дел бил изеден од предатори. Но телото што се зачувало е уникатно. Јужнокорејски генетичари веќе размислуваат за клонирање на мамути. Замислете – можеби нашите деца ќе видат живи мамути. И тоа благодарение на глобалното затоплување.

2. Крв од камено доба

3. Оци – човек убиен пред 5000 години

Септември 1991 година, Алпите. Двајца германски туристи пронаоѓаат тело во мразот. Помислиле дека е алпинист кој неодамна загинал. Но, радиојаглеродната анализа покажала нешто друго – телото било старо 5.300 години! Човекот бил наречен Оци, по долината Ецтал. Истражувањето открило неверојатни детали: во стомакот имал остатоци од последниот оброк – значи смртта била ненадејна. Рентген снимката открила врв од стрела во рамото – убиство! Оци паднал во клисура, бил покриен со снег и станал совршена мумија. ДНК анализата покажала дека има 19 живи роднини денес. Неговите предци биле од Корзика или Сардинија. Денес „живее“ во музеј во Болцано – најстариот сведок на убиство во историјата.

3. Оци – човек убиен пред 5000 години

4. Богатства од небото

Француски алпинист се искачува на Монблан и гледа метална кутија што ѕирка од мразот. Кога ја отворил – внатре торби со натпис „Произведено во Индија“, полни со рубини, смарагди и сафири. Проценети на 377.000 долари! Алпинистот сето богатство го предал на полицијата. Подоцна било утврдено дека накитот припаѓал на патници во индиски авион што се урнал на Монблан во 1966 година. Загинале 117 луѓе, а богатството останало заробено во мразот повеќе од половина век.

4. Богатства од небото

5. Вирус од минатото

Река Колима, Русија. Научници откриле џиновски вирус стар 30.000 години. Спиел во мразот, но сега е повторно „буден“. Добрата вест: вирусот е опасен само за амеби. Лошата: можеби во мразот се кријат и други, многу поопасни вируси. „Ако се зачувани патогените што убивале луѓе во минатото, нашиот имунитет нема да биде подготвен за нив,“ предупредува биологот Жан-Мишел Клавери.

5. Вирус од минатото

6. Бела смрт

Италијанското село Пехо. Таму, секое лето кога се топи глечерот, се појавуваат нови тела – војници од Првата светска војна. Тука се водела „Белата војна“ меѓу Австроунгарија и Италија. Се бореле на минус 22 степени, а лавините – наречени „бела смрт“ – закопувале цели чети. Во 2004 година биле пронајдени тројца австриски војници што буквално „излегле“ од мразот. Во 2013 година уште двајца – со коса и кожа сè уште зачувани. Во џебот на еден имало љубовно писмо до Марија. Сто години подоцна, глечерот сè уште ги враќа мртвите дома.

6. Бела смрт

7. Шума постара од цивилизацијата

Алјаска, глечерот Менденхол. Од 1970-тите се повлекува, а под него се појавила цела древна шума – со стебла, гранки и корења, стари од 1200 до 2350 години. Професорката Кејти Конор изјавила: „Обично наоѓаме само фрагменти. А тука – цела шума!“ До 2005 година глечерот се повлекол уште 50 метри. Ако продолжи така, наскоро ќе се открие цел праисториски пејзаж.

7. Шума постара од цивилизацијата

8. Авионот што патуваше под мразот

1952 година, Алјаска. Воен авион со 52 лица се урнал во планината Ганет. Потрагата била прекината – остатоците ги покрил снегот. Во 2012 година, парчиња од авионот се појавиле на површината – но на место 22,5 километри подалеку од несреќата. Глечерот полека го „пренесол“ авионот низ времето и просторот. Некои делови веќе завршиле во езерото Џорџ.

8. Авионот што патуваше под мразот

9. Мода од железното доба

Норвешка, глечерот Лендбрин, 2011 година. Пронајдена е волнена туника, рачно сошиена меѓу 230 и 390 година од нашата ера. Ја носел млад човек висок 175 см, веројатно воин. Сличен примерок бил најден во Шведска пред 150 години – што значи дека тоа била тогашната „мода“. Целосно зачувана облека од тоа време е вистинска реткост – може да се избројат на прсти.

9. Мода од железното доба