No Image x 0.00 + POST No Image

Култниот филм Трејнспотинг од 90-тите станува 'анти-мјузикл' и доаѓа на Вест Енд во Лондон ова лето

SHARE
0

Трејнспотинг беше културен феномен кој го одбележа една цела генерација. Сега, приказната ќе добие нов живот на најголемата театарска сцена во Лондон, како мјузикл базиран на истоимената книга на Ирвин Велш. Премиерата е најавена за јули.

Култниот филм Трејнспотинг од 90-тите станува 'анти-мјузикл' и доаѓа на Вест Енд во Лондон ова лето

Робби Скот ќе ја игра улогата на Марк Рентон, зависник од хероин кој се бори со сиромаштија и пријателства во Единбург

Шкотскиот актер Робби Скот ова лето ќе чекори на сцената на Вест Енд, влегувајќи во кожата на Марк Рентон – младиот човек кој се соочува со светот на зависности, пријателства и тешки животни околности во Единбург. Покрај него, публиката се потсетува на легендарната актерска постава од филмот меѓу кои се Јуан Мекгрегор, Џони Ли Милер и Роберт Карлајл.

Робби Скот ќе ја игра улогата на Марк Рентон, зависник од хероин кој се бори со сиромаштија и пријателства во Единбург

Мјузиклот ќе биде светска премиера во јули во Лондон и е наречен „вистински анти-мјузикл“

Иако досега Трејнспотинг е имал неколку успешни сценски адаптации, ова ќе биде првпат приказната да добие целосна музичка интерпретација во Вест Енд. Официјалната премиера ќе се одржи на 15 јули во Theatre Royal Haymarket во Лондон.

Мјузиклот ќе биде светска премиера во јули во Лондон и е наречен „вистински анти-мјузикл“

АВТОРОТ Ирвин Велш: Мјузиклот има поголемо и посилно човечко срце од книгата и филмот

Авторот на романот, Ирвин Велш ја коментира новата продукција: „Овој мјузикл има поголемо, гласно чукање човечко срце од книгата или филмот." Владетелот на модерниот британски реализам додава: „Различните сценски адаптации на Трејнспотинг станаа признати и емотивни театарски искуства, а саундтракот од филмот е очигледно иконски. Затоа беше логично да ги споиме музиката и зборовите во експлозивно, провокативно и забавно шоу. Луѓето треба да размислуваат за светот во кој живееме и ние го нудиме тоа, но треба и да пеат со полни гласови и да се смеат од срце – тоа е смислата на човековото битисување – а со ова ќе го добијат токму тоа.“

АВТОРОТ Ирвин Велш: Мјузиклот има поголемо и посилно човечко срце од книгата и филмот

Музиката за мјузиклот ја напишале Ирвин Велш и Стивен Мекгинис, со хитови од култниот филм

Трејнспотинг: Мјузиклот ќе содржи оригинални песни и текстови напишани од Единбуржанинот Ирвин Велш и музичарот Стивен Мекгинис, а во продукцијата ќе се слушнат и познати композиции од филмот. Режисерката и развивач на проектот е Керолајн Џеј.

Музиката за мјузиклот ја напишале Ирвин Велш и Стивен Мекгинис, со хитови од култниот филм

Мјузиклот е опишан како манифест, момент и одраз на генерацијата – Трејнспотинг ќе ги потсети луѓето кои сме ние

Продукцијата е опишана како „врвниот анти-мјузикл“ кој е и момент, и манифест, и огледало на едно време. Настанот ќе донесе провокација, забава и длабоки рефлексии за светот во кој живееме, исполнувајќи ја потребата за катарза, смеа и силни емоции. Картите се достапни на trainspottingthemusical.co.uk.

Мјузиклот е опишан како манифест, момент и одраз на генерацијата – Трејнспотинг ќе ги потсети луѓето кои сме ние

-->