No Image x 0.00 + POST No Image

Куглар од Калифорнија го собори Гинисовиот рекорд со 243 страјкови

SHARE
0

Тој навистина има невероjатна вештина и прецизност. Ворен Крофорд од Калифорниjа постави нова граница во куглањето, претвораjќи еден часовен предизвик во хуманитарен настан со конкретен резултат и на патеката, и надвор од неа.

Куглар од Калифорнија го собори Гинисовиот рекорд со 243 страјкови

Во „Шаста лејнс“ во Рединг часовникот застана по точно 60 минути

Крофорд постигна импресивни 243 страјкови во кугларницата „Шаста лејнс“ (Shasta Lanes) во Рединг, Калифорнија, далеку надминувајќи го претходниот рекорд од 191 страјк за еден час.

Во „Шаста лејнс“ во Рединг часовникот застана по точно 60 минути

20.000 долари беа собрани за „Our Heroes Dream“

Професионалниот куглар го собори рекордот во среда, на 11 ноември, за време на хуманитарен настан по повод Денот на ветераните. Настанот беше организиран за „Our Heroes Dream“ — непрофитна организација од Калифорнија која им помага на воените ветерани при нивното враќање и приспособување кон цивилниот живот. Сумата собрана за организацијата ја пренесе локалниот медиум „Action News Now“.

20.000 долари беа собрани за „Our Heroes Dream“

Повеќе од четири страјкови во минута со стил што почнал од потреба

Користејќи ја својата специфична метода на куглање со две раце, Крофорд во просек постигнуваше повеќе од четири страјкови во секоја минута од предизвикот. „Почнав да куглам со две раце и едноставно останав на тоа“, изјави Крофорд за телевизијата „KRCR“. „Топката отсекогаш ми беше премногу тешка за фрлање со една рака, па постепено го усовршив овој стил, и еве каде нè доведе тоа денес.“

Повеќе од четири страјкови во минута со стил што почнал од потреба

Адам Барта го држеше рекордот од 12 ноември 2016 во Охајо

Иако на прв поглед можеби звучи полесно, техниката на куглање со две раце бара сопствен сет на сложени техники и движења и е официјално признаена како од Американскиот кугларски конгрес (USBC), така и од Професионалната кугларска асоцијација (PBA). Претходниот рекорд беше поставен во кугларницата „Холидеј бол“ (Holiday Bowl) во Страдерс, Охајо. Барта исто така го реализираше овој предизвик како дел од хуманитарна акција. За да биде и официјално признаен како носител на рекордот, Крофорд ќе треба формално да го регистрира својот резултат во базата на „Гинисовите светски рекорди“.

Адам Барта го држеше рекордот од 12 ноември 2016 во Охајо

-->