Каде ако не во Велес: Втора македонска крипто конференција на 17 и 18 мај!
Подгответе се за два дена полни со иновации, нови технологии и инспиративни говорници! На 17 и 18 мај, во Амфитеатарот на Младински парк – Велес, ќе се одржи Втората Македонска Крипто Конференција, единствен настан од ваков тип во земјава, целосно посветен на блокчејн технологијата и криптовалутите. Програмата вклучува презентации од шест регионални експерти од крипто индустријата, кои ќе настапуваат двата дена од 18:00 до 23:00 часот. Настанот е во организација на едукативниот YouTube канал Крипто Гемиџија, поддржувач на блокчејн едукацијата и финансиската писменост. 🎟 Влезот е бесплатен за сите посетители! Не пропуштајте можност да се информирате за иднината на технологијата – директно од срцето на Велес. Програма 👉
#2
#3