No Image x 0.00 + POST No Image

Човек го лажирал сопствениот погреб за да избегне затворска казна за возење во пијана состојба

SHARE
0

Полицијата во Хунан, Кина, неодамна ги објави деталите за необичен случај од јануари минатата година. Маж со презиме Си бил запрен од полициско возило, а потоа уапсен бидејќи возел под дејство на алкохол. Проверката на неговото минато покажала дека двапати претходно бил фатен како вози без дозвола додека бил пијан. Со третиот прекршок, Си се соочил со реална опасност да заврши зад решетки.

Човек го лажирал сопствениот погреб за да избегне затворска казна за возење во пијана состојба

Додека бил на слобода со кауција, решил дека затворот е поголем ризик од лажна смрт

Наместо да чека судска разврска, Си смислил краен план за да избегне какви било правни последици за возењето во алкохолизирана состојба. Го убедил своето семејство да му помогне да ја инсценира сопствената смрт и погреб, за потоа да побегне без страв дека полицијата ке го бара како жив човек.

Додека бил на слобода со кауција, решил дека затворот е поголем ризик од лажна смрт

Празни шишенца од лекови, задржување здив и разладување на телото

Во јуни минатата година, Си и неговото семејство го ставиле планот во движење. Прво купиле ковчег, а потоа тој ја наместил сцената на својата „смрт“. Низ домот расфрлал празни шишенца од лекови, вежбал долго да го задржува здивот и дури користел опрема за ладење за телото да му остане студено. Целта била да изгледа како да починал од предозирање со лекови.

Празни шишенца од лекови, задржување здив и разладување на телото

Мајката и бабата му го покриле лицето и рекле дека лековите го изобличиле

Иако некои соседи подоцна и кажале на полицијата дека го виделе телото на Си, неговата мајка и баба му го покриле лицето со ткаенина. Тврделе дека лековите му го изобличиле лицето. Погребот бил извршен истиот ден. Но додека ковчегот се спуштал во земја, Си веке бил на пат кон провинцијата Јунан.

Мајката и бабата му го покриле лицето и рекле дека лековите го изобличиле

Немало брза помош, немало полиција, немало ни потврда за смрт

За несрека на нашиот протагонист, приказната не завршила со неговата лажна смрт. Полицијата брзо забележала недоследности: ковчегот бил купен пред неговата смрт, а семејството никогаш не повикало брза помош ниту ја известило полицијата за ненадејната смрт. Подоцна било утврдено дека за Си не била издадена потврда за смрт, ниту постоел запис за кремирање. Сомнежите дополнително пораснале затоа што ниту еден сосед не му го видел лицето пред погребот. Снимките од надзорните камери и банкарските записи потоа потврдиле дека Си е жив, па полицијата започнала потрага по него.

Немало брза помош, немало полиција, немало ни потврда за смрт

Во април го фатија и доби пет месеци притвор и казна од 20.000 јуани

Си бил уапсен во април годинава и набрзо осуден на пет месеци кривичен притвор и парична казна од 20.000 јуани, односно околу 2.760 евра. Во меѓувреме, посебна кривична истрага собира докази против неговата мајка и баба поради помагање и засолнување на сторител.

Во април го фатија и доби пет месеци притвор и казна од 20.000 јуани

-->