No Image x 0.00 + POST No Image

Коста од Богданци донесе злато во Македонија: Стана шампион по алгебра во исклучително силна конкуренција на натпреварувачи од 42 држави

SHARE
25

Младиот Коста Попристовски од Богданци стана шампион по алгебра во исклучително силна конкуренција на натпреварувачи од 42 држави. На престижниот меѓународен натпревар „Математика без граници“ во Бугарија, тој ја освои шампионската титула во категоријата „Лудвико Ферари“. Додека секојдневно се дебатира за спорт и политика, ваквите деца во тишина ја креваат државата на највисоко рамниште. Дали сметате дека државата доволно инвестира и ги поддржува ваквите натпросечни умови кои нè афирмираат на светско ниво?

Коста од Богданци донесе злато во Македонија: Стана шампион по алгебра во исклучително силна конкуренција на натпреварувачи од 42 држави

На 6 јули во Несебар, Коста освои златен медал, прво место и победнички пехар

Последното големо признание Коста го освои на Интернационалниот математички натпревар „Математика без граници“, одржан во Несебар, Бугарија. Во силна меѓународна конкуренција, Коста ја освои шампионската титула во категоријата алгебра „Лудвико Ферари“ и со тоа, како што велат од Општината, потврди дека талентот, знаењето и посветеноста носат врвни резултати.

На 6 јули во Несебар, Коста освои златен медал, прво место и победнички пехар

Блаже Шапов го пречека во кабинетот, а партијата шах заврши реми

По големиот триумф, Коста беше пречекан од првиот човек на Богданци, Блаже Шапов. Покрај признанијата, двајцата ги одмерија силите и во пријателска партија шах. „Со особено задоволство денес во мојот кабинет го пречекав нашиот млад и исклучително талентиран математичар. Како знак на почит и благодарност за неговите достигнувања, му врачив симболичен подарок, со желба ова да биде само уште еден чекор кон нови успеси. Средбата ја заокруживме со пријателска партија шах, која заврши нерешено – реми, уште една потврда за неговото стратешко размислување“, се вели во информацијата од Општина Богданци.

Блаже Шапов го пречека во кабинетот, а партијата шах заврши реми

Од ООУ „Петар Мусев“ до државни и меѓународни успеси по математика, физика и шах

Со симболичен подарок, локалните власти во Општина Богданци го наградија младиот математичар Коста Попристовски за неговите математички успеси. На средбата со градоначалникот Блаже Шапов, талентираниот ученик прими честитки за своите успеси и му беше укажана благодарност поради тоа што е вистинска гордост на Богданци. Коста е ученик во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци. Зад себе веќе има низа државни и меѓународни успеси по математика, физика и шах.

Од ООУ „Петар Мусев“ до државни и меѓународни успеси по математика, физика и шах

-->