„Кошмарни“ станари ѝ оставиле на газдарицата куќа полна со ѓубре и стаорци, а тоалетот ќе ве згрози
Шокирана газдарица се соочува со огромна сметка од 35.000 евра за чистење, откако нејзините „кошмарни“ станари ја оставиле нејзината куќа инфицирана со стаорци и преполна со ѓубре до колена.
In This Article:
Куќата претворена во руина
Галина Мандерс (49) одлучила да ја издаде својата трособна терасна куќа во Болтон, Велика Британија, како дополнителен приход покрај својата редовна работа. Но, дури кога проценител на имотот ѝ испратил фотографии, таа сфатила до кој степен нејзините станари ја уништиле куќата.
Г-ѓа Мандерс ја опиша својата ужаснатост од состојбата во која ја затекнала куќата:
„Мирисот беше неподнослив – моравме да носиме маски за да можеме да останеме внатре подолго од пет минути. Сè е уништено, има мувла по ѕидовите, искршени ѕидови. Не можеме ниту да стигнеме до горниот кат од количината на ѓубре. На подот има и залепена мачкина столица.“
Потполн ремонт на куќата
Газдарицата истакна дека ќе биде потребна целосна реновација за да може повторно да ја стави куќата на пазарот. „Луѓето што го направија ова немаат почит ниту кон мене, ниту кон самите себе. Ова е злоупотреба. Немам заштеди, не сум некаков имотен магнат – не можам да си дозволам ваков огромен трошок за чистење.“
Motika#30252
Мандерс, која работи како сметководител, ја купила куќата во 2012 година и потрошила илјадници фунти на целосна реновација, вклучително нова кујна и бања, како и обновување на спалните соби. Претходно, во периодот 2018-2022, имала две групи станари кои ѝ направиле минимални проблеми, но третите станари, кои ги примила во 2022 година, ги нарече „најлошата одлука“ во својот живот.
Законот ѝ го отежнал иселувањето на станарите
Во јануари 2024, Мандерс поднела „Section 21“ налог за иселување на станарите, откако тие одбиле да го исчистат просторот. Откако им дала рок од една недела да се иселат, станарите станале агресивни и почнале да ѝ се закануваат и да ја навредуваат. „Морав да го блокирам на WhatsApp, бидејќи секоја порака што ми ја испраќаше ме тераше да се тресам од страв.“
Полицијата истражува дали има кривично дело
Полицијата на Голем Манчестер започнала истрага за да утврди дали има елементи на кривично дело „намерно оштетување на имот“. Портпарол на полицијата потврди: „Во тек е истрага по ова прашање.“
Повик за промена на законот
Г-ѓа Мандерс повика на промени во законот за изнајмување, со цел да им се олесни на сопствениците побрзо да иселуваат станари што ги прекршуваат договорите. Пратеничката Јасмин Куреши, која ја претставува областа Болтон Југ и Вокден, изрази сочувство за ситуацијата во која се нашла Мандерс: „Никој не треба да се соочи со вакви ужасни услови. Газдите кои имаат спорови со станари треба да бараат правна помош, а мојата канцеларија веќе им даде контакти на организации што можат да им помогнат во такви случаи.“