No Image x 0.00 + POST No Image

Контролирачки маж заврши во затвор откако ја шпионирал сопругата со скриена камера во клима-уред

SHARE
0

Љубоморен поранешен сопруг е осуден на затвор откако шпионирањето на неговата поранешна сопруга го однел на сосема ново ниво. Неименуваниот маж сакал да знае што прави неговата поранешна партнерка, па тајно поставил шпионска камера во нејзиниот дом. Тој користел опрема за видеонадзор, која ја скрил во нејзиниот клима-уред, за да следи што прави откако парот се разделил.

Контролирачки маж заврши во затвор откако ја шпионирал сопругата со скриена камера во клима-уред

39-годишникот бил специјалист за информациска безбедност и знаел како да ја скрие камерата

Судот слушнал дека мажот, чие име не е објавено, работел како специјалист за информациска безбедност. Поради тоа ја имал и опремата и знаењето што му биле потребни за да постави тајна камера во нејзиниот дом во Русиjа без таа да знае. Било кажано дека 39-годишниот маж бил вознемирен што бракот завршил откако на телефонот на сопругата нашол пораки со сексуална содржина од друг маж. Двојката имала едно заедничко дете и се обидела да го спаси односот.

39-годишникот бил специјалист за информациска безбедност и знаел како да ја скрие камерата

По пораките следеле нови правила без приjатели, без откриена облека и со активен тракер

На почетокот тие останале во брак, но со нови правила воведени од сопругот. Таа не смеела да се среќава со приjатели, не смеела да носи откриена облека и морала да вети дека во секое време ке биде достапна. Исто така, морала да се согласи постоjано да има активен тракер на себе. Но бракот не можел да се спаси. Строгите мерки ги довеле во уште полоша состоjба, по што на краj решиле да се разделат, а потоа и да се разведат.

По пораките следеле нови правила без приjатели, без откриена облека и со активен тракер

Кога донела друг маж дома, поранешниот сопруг и пишал дека има „лесен морал“

Иако врската завршила, тоj не можел да продолжи понатаму. Решил дека и понатаму мора да знае точно што прави таа во секоj момент. Потоа купил дигитални видеорекордери од онлаjн-продавница и малку ги изменил за лесно да може да ги сокрие во нејзиниот дом без таа да забележи. Обвинителите му кажале на судот дека во една прилика жената донела друг маж дома, по што добила низа навредливи пораки од поранешниот сопруг, коj некако знаел дека се сретнала со некого, обвинувајки ја дека има „лесен морал“.

Кога донела друг маж дома, поранешниот сопруг и пишал дека има „лесен морал“

Тврдел дека камерите ги поставил „за секоj случаj“, но снимките го побиле

Кога сфатила дека таjно ја шпионираат, поранешната сопруга ангажирала специjалист, коj брзо пронашол камери во станот. Потоа случаjот го приjавила во полициjа. Истражителите го испрашале мажот. Тоj не ги негирал обвинувањата, но се обидел да ги убеди дека камерите ги поставил „за секоj случаj“ пред да се исели и дека потоа се плашел да ги земе назад. Тој исто така тврдел дека камерата била поставена под таков агол што на снимките ништо не се гледало, што значело дека приватноста на неговата поранешна сопруга не била нарушена. Но, краток поглед на снимките покажал дека тоа не е вистина. Солнцевскиот суд го прогласил за виновен за незаконско изработување специjални технички уреди што се користат за таjно собирање информации, како и за нарушување на правото на приватност. Тој е осуден на една година и еден месец во колонија-затвор од отворен тип.

Тврдел дека камерите ги поставил „за секоj случаj“, но снимките го побиле

-->