Жена во кома се разбудила пред операција за вадење органи –донаторската служба инсистирала да продолжат и покрај знаците на живот
Во САД расте недовербата во индустријата за донирање органи, по шокантни сведоштва за притисок врз доктори да оперираат пациенти кои сè уште не се мртви. Најновиот потресен случај е на Данела Галегос, која беше на работ на смрт – но преживеа чудесно, иако нејзините органи беа речиси отстранети. Организацијата за донација на органи се соочува со обвинувања дека ги притискала лекарите да ѝ ги извадат органите на Даниела која била во кома – која подоцна целосно се опоравила, откако медицинскиот тим инсистирал дека покажува знаци на живот.
In This Article:
- Данела Галегос проговори од кома точно пред операцијата за вадење органи – и докторите ѝ го спасија животот
- Притисок од организации за донирање органи: Медицинските работници сведочат за агресивно однесување
- Ова не е изолиран случај: И други пациенти преживеале за влакно – или биле отворени додека се’ уште биле живи
- Растечки ризици: Дали индустријата за органи брза да ги спаси животите по цена на човечката грешка?
Данела Галегос проговори од кома точно пред операцијата за вадење органи – и докторите ѝ го спасија животот
Данела Галегос вели дека се чувствува среќна што е жива, откако нејзините органи речиси биле отстранети по наредба на „агресивни“ шефови од донорската организација, откако западнала во кома во 2022 година. Галегос, која тогаш имала 38 години, била бездомничка кога доживеала неуточнета медицинска состојба, а докторите од болницата „Пресбитериан“ во Албукерки, Њу Мексико ѝ рекле на нејзината фамилија дека никогаш нема да се опорави, по што биле започнати подготовки со организацијата за донација на органи New Mexico Donor Services. Но, нејзините сестри забележале солзи во нејзините очи и лесни движења, но координаторите ги одбиле нивните грижи, тврдејќи дека тоа се само рефлекси. На денот на операцијата, лекарите во последен момент забележале дека Галегос трепка на команда. Иако координаторот за донација сугерирал да продолжат со морфиум и операција, докторите одбиле. Така, нејзиниот живот бил спасен и Галегос целосно се опоравила. „Се чувствувам многу среќна“, изјавила Галегос, додавајќи дека се сеќава на чувство на страв додека била во кома, но не многу повеќе од тоа. „Но, лудо е да се помисли колку блиску беше сè да заврши поинаку.“
Притисок од организации за донирање органи: Медицинските работници сведочат за агресивно однесување
Медицинскиот персонал во болницата тврди дека постоел притисок од страна на New Mexico Donor Services да се оди напред со одземување органи, и покрај сомнежите за состојбата на пациентот. Болницата започнала интерна истрага, а организацијата на донори негира дека влијаела врз одлуките на лекарите. „Ги интересираат само органите. Толку се агресивни – тоа е гадно“, изјави Нева Вилијамс, искусна медицинска сестра. И покрај тоа, федералната инспекција подоцна утврдила дека организацијата постапила според процедурите.
Ова не е изолиран случај: И други пациенти преживеале за влакно – или биле отворени додека се’ уште биле живи
Приказната на Галегос не е единствена. Во 2021 година, Ентони Хувер се разбудил пред да бидат извадени неговите органи. Преживеал, иако имал тешко оштетување на мозокот. Неговиот случај довел до промени во медицинската пракса во Кентаки, со задолжително тестирање на мозочната активност пред донација. Мисти Хокинс, пак, паднала во кома и нејзините органи почнале да се вадат во операција, кога било забележано дека нејзиното срце сè уште чука. Операцијата била веднаш прекината, но таа починала набрзо потоа.
Растечки ризици: Дали индустријата за органи брза да ги спаси животите по цена на човечката грешка?
Овие случаи отвораат тешки прашања: Дали индустријата за органи, во обид да ги задоволи огромните побарувања, врши притисок да се брза со одлуките – дури и кога пациентите не се медицински потврдени како починати? Денес, една третина од сите донации во САД се прават по циркулаторна смрт, животот и смртта често се на граница. Докторите и етичарите предупредуваат – можеби често се случуваат вакви грешки отколку што јавноста знае. „Не знам колкав е обемот на проблемот. Всушност, не знае никој. Тоа е застрашувачко“, вели д-р Роберт Кенон, хирург за трансплантација.