No Image x 0.00 + POST No Image

Мини чололаден колач готов за 5 минути – идеален десерт кога доаѓаат ненајавени гости

SHARE
25

Нов интернет хит кој ги освои сите љубители на слатки е мини чоколадна торта што се подготвува за само две минути. Не ви треба ништо повеќе од седум едноставни состојки што секогаш ги имате дома, микро печка и една шолја. Совршено решение кога ќе ви се пријаде нешто благо или кога ќе ве изненадат гости, а не сакате да губите време и сили.

Мини чололаден колач готов за 5 минути – идеален десерт кога доаѓаат ненајавени гости

Седум состојки и една шолја создаваат совршен домашен мини-колач

Рецептот бара само седум основни состојки: • Две супени лажици брашно • Една супена лажица шеќер • Една супена лажица какао • Четвртина мала лажичка прашок за печиво • Малку сол • Три супени лажици млеко • Една супена лажица масло • Неколку коцки чоколадо, по желба Овој едноставен десерт може да го надополните и со овошје, да го прелиете со чоколада, шеќер во прав или да го сервирате со сладолед или шлаг за посебен вкус.

Седум состојки и една шолја создаваат совршен домашен мини-колач

Четири чекори до брз чоколаден колач во шолја за само пет минути

Во шолја од 200 мл што е безбедна за микробранова печка ставете брашно, шеќер, какао и сол. Промешајте добро да се соединат сувите состојки. Потоа додајте ги млекото и маслото и мешајте со вилушка додека не добиете мазна течна смеса. На крај, додадете неколку коцки чоколадо. Ставете ја шолјата во микробранова печка и загревајте точно една минута. Колачот може да се јаде додека е топол или да се остави да излади, а по желба украсете го со сладолед, растопена чоколада, овошје, шлаг или само малку шеќер во прав.

Четири чекори до брз чоколаден колач во шолја за само пет минути

-->