Кој е човекот што одби да се лекува од рак? Неверојатната приказна на фудбалската легенда
Тој беше првиот фудбалер што од Чехословачка пристигна во англискиот фудбал, човекот чии одбрани ги урнаа соништата на Алекс Фергусон и голманот на кого навивачите на Вест Хем му посветија песна што и денес одекнува од трибините. „Моето име е Лудо Миклошко, доаѓам од близу Москва, бранам за Вест Хем“ – и денес пеат навивачите, повеќе од четврт век откако чешкиот голман последен пат застана меѓу стативите за „Чеканите“. Тоа што неговиот роден Простејов е оддалечен повеќе од 1.500 километри од Москва и всушност е поблиску до Лондон, никогаш не било важно. Песната стана симбол на љубовта на навивачите кон човекот кој пристигна како целосен странец во февруари 1990 година, веднаш по падот на комунизмот, а потоа стана еден од најомилените играчи во историјата на клубот. За Вест Хем одигра речиси 400 натпревари, беше прогласен за играч на годината во 1991 година и остана запаметен како еден од првите источноевропски фудбалери што оставија силен белег во англискиот фудбал.
In This Article:
- „Изгледаше како нешто меѓу фудбал и рагби“
- Две куки, тушеви и една огромна када за „дваесет валкани прасиња“
- На Уптон Парк излезе пред 25 000 луѓе и успеа да каже само „Hello“
- Шегите во соблекувалната на Вест Хем понекогаш оделе предалеку
- Во мај 1995 му го затвори голот на Јунајтед, а потоа одби хемотерапија
„Изгледаше како нешто меѓу фудбал и рагби“
Светот во кој пристигна беше целосна спротивност на она што го познаваше. Англискиот фудбал од деведесеттите, како што самиот го опиша, бил примитивен, на работ на бруталност. „Изгледаше како нешто меѓу фудбал и рагби. Играчите летаа низ воздух, крв течеше и на теренот и надвор од него. Сите го знаеја тоа и на сите им беше во ред, дури и на судиите“, се присети тој. Немаше многу тактика меѓу двата шеснаесетници. Се се сведуваше на брзи контри, нафрлувања и безмилосна борба. Трибините беа преполни двапати неделно, а атмосферата на стадионите како Уптон Парк, стариот дом на Вест Хем, беше застрашувачка. Навивачите беа слика и прилика на источен Лондон: работничка класа, верни и страстни луѓе што не простуваа мрзеливост. „Мораше да им покажеш дека живееш и дишеш за нивниот клуб, исто како и тие. Многу големи таленти пропаднаа бидејки триковите и финтите не им беа доволни ако потоа не се фрлеа во лизгачки старт. Но ако беше подготвен да се бориш, никогаш немаше да те заборават“, раскажуваше тој.
Две куки, тушеви и една огромна када за „дваесет валкани прасиња“
Условите во кои работел беа шокантни. Додека во Баник од Острава имал заеднички ручеци, состаноци во хотели и организирана грижа за играчите, во Вест Хем го дочекале еден терен за тренинг и мала зграда со соблекувални. „Две куки над клупата, тушеви и една огромна када. По секој тренинг, дваесет валкани прасиња се капеа заедно во таа када. Никогаш не им се придружив“, открива тој. Кога побарал масажа, физиотерапевтот го погледнал како да е луд и отсечно му рекол: „Не правам масажи.“ Но, и покрај спартанските услови и културниот шок, знаел дека сака да остане. Го воодушевиле ентузијазмот, љубовта кон играта. Можноста да заигра во таква средина станало прашање на чест. Патот до остварување на сонот, сепак, бил бирократски пекол. Со месеци сам патувал од Острава до Прага и британската амбасада, собирал потврди од ФИФА и се борел со правила што бараа одреден процент одиграни репрезентативни натпревари. Двапати му ја одбија визата. Додека дома седел на спакувани куфери, Баник не му дозволувал да тренира со тимот, па формата ја одржуваше трчајќи сам по заледените улици на Острава.
На Уптон Парк излезе пред 25 000 луѓе и успеа да каже само „Hello“
Неговото пристигнување во Англија беше хаотично исто колку и фудбалот што таму се играше. По повеќемесечната борба со бирократијата, менаџерот Лу Макари, човекот што го донесе, лично мораше да дојде по него во Прага. Слетале на Хитроу, а Миклошко истото попладне беше претставен на Уптон Парк пред 25 000 навивачи. Нервозен, излезе на центарот и успеа да изусти само: „Hello.“ Една недела подоцна, Макари мораше да си замине поради обложувачки скандал. Миклошко остана сам, без човекот што го донесе, со германско-англиски речник во џебот бидејки друг не можел да набави во Чехословачка, прашувајки се што носи иднината. Новиот менаџер Били Бондс му даде доверба, а тој возврати на најдобар можен начин: одигра 160 натпревари по ред и стана столб на одбраната. Првите месеци ги помина со семејството во хотел надвор од Лондон, без автомобил и без познавање на јазикот, а на тренинзи секојдневно го возеа соиграчите Иан Бишоп и Тревор Морли. Неговиот седумгодишен син на почетокот страдал, прашувајки го татка си: „Зошто сме тука?“, а години подоцна, кога семејството се враќало во Чешка, молел да го остават во Англија.
Шегите во соблекувалната на Вест Хем понекогаш оделе предалеку
Неговото место меѓу легендите на Вест Хем беше потврдено едно сончево попладне во мај 1995 година. Во последното коло од сезоната, на Манчестер Јунајтед му беше потребна победа на Уптон Парк за да ја освои третата последователна шампионска титула. Сите очекуваа лесна задача за тимот на Алекс Фергусон, но не сметаа на Лудек Миклошко. Тој ден Миклошко го одигра натпреварот на својот живот. Јунајтед напаѓаше во бранови, а тој бранеше сè. Фрустрираниот Фергусон подоцна го опиша натпреварот како „опсада“. Енди Кол, Марк Хјуз и Ли Шарп се редеа пред неговиот гол, но Чехот беше несовладлив. Натпреварот заврши 1:1, а Блекбурн Роверс ја освои титулата. Години подоцна, кога Миклошко го посетувал тренинг-центарот на Манчестер Јунајтед, поранешните играчи сè уште го потсетувале на тој натпревар. „Енди Кол еднаш ми рече: ‘О, не, само не ти повторно!’ Другите ми велеа: ‘Се сеќавам на тој натпревар, те мразев.’ Се смеевме на тоа“, раскажувал тој. Следната сезона, кога Вест Хем гостувал кај Блекбурн, домашните навивачи го пречекале со овации во знак на благодарност за натпреварот што им помогнал да ја освојат титулата. На Уптон Парк, зад неговиот гол биле сместени најгласните навивачи на Вест Хем. Кога ќе почнеле да скокаат и да навиваат, вели Миклошко, се тресела целата трибина. Со него имале и посебен ритуал. „Лудо, Лудо! Кој е резултатот?“, викале тие. Миклошко потоа со прстите на ракавиците им го покажувал резултатот. „Понекогаш противнички играч трчаше кон мојот гол, а јас морав да им сигнализирам дека не е момент за тоа. Тие го обожаваа, а и јас ги обожавав нив“, раскажал тој. Еднаш, на куп-натпревар против третолигаш, направил голема грешка. Топката била упатена кон него од околу 40 метри, а тој, наместо прво да ја фати, веќе размислувал кому ќе ја додаде. Топката завршила во мрежата. Стадионот замолкнал. Миклошко очекувал свирежи и навреди, но наместо тоа од трибините одекнало: „Лудо! Лудо! Лудо!“ Таа поддршка му дала сила да продолжи. Навивачите знаеле дека и тој може да погреши, но знаеле и дека никогаш нема да се предаде и дека не се плаши од никого – дури ни од најгрубите напаѓачи. За Џон Фашану од Вимблдон се пошегувал: „Пет години ги чувствував неговите колена во моите ребра.“ По осум години во Вест Хем и уште три во Квинс Парк Ренџерс, каде што почнал да се насочува кон тренерската работа, Миклошко се вратил во Вест Хем како тренер на голмани. Во следните десет години работел со некои од најдобрите англиски голмани, пренесувајќи им го своето искуство и воведувајќи нови методи на тренинг. Работел со Дејвид Џејмс, кој подоцна стана прв голман на англиската репрезентација, како и со Роберт Грин, кој исто така стигна до националниот тим. Се сеќавал и на младиот Френк Лампард, кој пристигнал во клубот како 15-годишно „буцкасто дете“. „Но, работеше неверојатно напорно. Прв доаѓаше, последен си одеше. Секогаш остануваше да работи нешто дополнително. Неговиот успех е доказ дека напорната работа е најважна“, истакнал Миклошко. По долгата кариера во Англија, се вратил во Чешка и станал спортски директор во својот сакан Баник Острава. Но тогаш започнала најтешката битка во неговиот живот. Три години пред смртта му бил дијагностициран рак. Најпрво му била отстранета мала грутка на колкот, но болеста подоцна се вратила во форма на голем тумор во стомакот кој не можел да се оперира. Соочен со избор дали да започне хемотерапија, која не му гарантирала излекување и значително би му го нарушила квалитетот на животот, или преостанатото време да го помине живеејќи што е можно понормално, Миклошко го избрал второто. „Одлучив да не примам хемотерапија бидејќи сакам да живеам нормален живот. Не сакам да поминам шест месеци без работа, без патувања и болен. Нема смисла. Имам два клуба во срцето – Баник и Вест Хем. Вест Хем е моето второ семејство“, рекол тој. Набргу по таа објава, уште еднаш се вратил на стадионот на Вест Хем во Лондон. Десетици илјади навивачи го пречекале како херој, пеејќи ја песната што го следеше речиси целиот негов живот во Англија. Лудек Миклошко почина на 64-годишна возраст.
Во мај 1995 му го затвори голот на Јунајтед, а потоа одби хемотерапија
Неговиот статус на легенда беше зацементиран едно сончево попладне во мај 1995 година. Во последното коло од сезоната, на Манчестер Јунајтед му требаше победа на Уптон Парк за освојување на третата последователна титула шампион. Сите очекуваа лесна задача за тимот на Фергусон, но не сметаа на Лудек Миклошко. Одигра натпревар на животот. Јунајтед напаѓаше во бранови, а тој бранеше се. Фрустрираниот Алекс Фергусон подоцна го опиша тоа како „опсада“. Енди Кол, Марк Хјуз, Ли Шарп, сите се редеа пред неговиот гол, но Чехот беше несовладлив. Натпреварот заврши 1:1, а титулата замина во рацете на Блекбурн Роверс. Години подоцна, кога го посетуваше тренинг-кампот на Јунајтед, легендите на клубот го запираа. „Енди Кол еднаш ми рече: 'О, не, само не ти повторно!' Другите ми велеа: 'Се секавам на тој натпревар, те мразев.' Се смеевме на тоа“, раскажуваше тој. Следната сезона, кога Вест Хем гостуваше кај Блекбурн, навивачите на домашниот клуб му приредија овации во знак на благодарност. Зад неговиот гол на Уптон Парк беа најгласните навивачи, а тлото се тресеше под неговите нозе кога ке почнеа да скокаат. Имаа и посебен ритуал. „Лудо, Лудо! Кој е резултатот?“, викаа. Тој со прстите на ракавиците мораше да им го покаже резултатот. „Понекогаш противникот јуреше кон мене, а јас морав да им сигнализирам на навивачите дека не е време за тоа. Тие го обожаваа тоа, а и јас нив“, рече тој. Еднаш, во куп-натпревар против третолигаш, прими смешен гол. Топката леташе од 40 метри, а тој, наместо да ја фати, веке размислуваше кому ке ја додаде. Заврши во мрежата. Настана молк, а тој чекаше свирежи и навреди. Наместо тоа, од трибините загрме: „Лудо! Лудо! Лудо!“ Таа поддршка го крена. Знаеја дека ке погреши, но исто така знаеја дека никогаш нема да се предаде, дека нема да се повлече пред никого, дури ни пред најгрубите нападачи како Џон Фашану од Вимблдон, за кого рече: „Пет години ги чувствував неговите колена на моите ребра.“ По осум години во Вест Хем и три во Квинс Парк Ренџерс, каде што го започна преминот кон тренерската работа, се врати на Уптон Парк како тренер на голмани. Десет години работеше со некои од најдобрите англиски чувари на мрежата, пренесувајки им ја својата работна етика и воведувајки нови методи на тренинг. Талентираниот, но нестабилен Дејвид Џејмс го претвори во прв голман на англиската репрезентација. Целосно ја преобликува техниката на Роберт Грин, кој исто така стигна до репрезентацијата. Се присетуваше и на работата со младиот Френк Лампард, кој како 15-годишник пристигна во клубот како „буцкасто дете“. „Но, беше неверојатно чесен работник. Прв доаѓаше, последен си одеше. Секогаш работеше нешто дополнително. Неговиот успех потврдува дека напорната работа е најважна“, истакна тој. По долгата и богата кариера се врати дома во Чешка, преземајки ја улогата спортски директор во својот сакан Баник. Но тогаш започна неговата најтешка битка. Три години пред смртта му беше дијагностициран рак. Мала грутка на колкот беше успешно отстранета, но болеста се врати во облик на голем, неоперабилен тумор во стомакот. Соочен со избор меѓу хемотерапија што не му гарантираше излекување, но ке му го уништеше квалитетот на животот, и одлуката преостанатото време да го проживее со полни гради, го избра второто. „Одлучив да не земам хемотерапија бидејки сакам да живеам нормален живот. Не сакам да поминам шест месеци без работа, без патувања, болен. Нема смисла. Имам два клуба во срцето, Баник и Вест Хем. Вест Хем е моето второ семејство“, рече тој. Набргу по таа објава, уште еднаш се врати на лондонскиот стадион, каде што десетици илјади луѓе го дочекаа како херој, пеејки ја песната што го направи бесмртен. Почина на 64 години.