Кој би рекол дека и ова е „дисциплина“: Иранец држи 96 лажици на своето тело и соборувајќи го сопствениот Гинисов рекорд
Иранецот Аболфазл Сабер Мохтари повторно го воодушеви светот со својата неверојатна вештина – овојпат држејќи 96 лажици на своето тело, соборувајќи го сопствениот рекорд во Гинисовата книга.
Од детска игра до светски рекорд: Мохтари и неговата „магнетска“ моќ
Аболфазл го постави својот прв рекорд во 2021 година со 85 парчиња прибор за јадење, а потоа двапати го надмина: прво со 88, а сега со неверојатни 96 лажици. Процесот на поставување на рекордот е речиси ритуален – тој стои гол до половината, неподвижен, додека асистент внимателно ги поставува лажиците на неговиот грб, гради и раце. Според него, сè е резултат на години вежбање, самодисциплина и ментална концентрација. Вели дека предметите ги „лепи“ на телото со пренос на внатрешна енергија – нешто што го открил уште како дете. „Сè се сведува на концентрација и редовна практика“, вели Мохтари, чии изведби се подеднакво фасцинантни и хипнотизирачки за публиката.