No Image x 0.00 + POST No Image

Од семејна приказна до национална мисија: Бесплатни курсеви што ја менуваат иднината на илјадници талентирани деца од Македонија

SHARE
0

Кога талентот ќе се спои со мајчинската љубов и решителност – тогаш се раѓа нешто многу поголемо од една приказна. Се раѓа мисија. Така започна „Бистри Умови“ – здружение создадено од родител инспириран од талентот на својот син, Владимир Грчев, денес повеќекратен државен и меѓународен медалист. Од лична борба како мајка, се роди иницијатива што денес ја менува иднината на илјадници деца ширум Македонија.

Од семејна приказна до национална мисија: Бесплатни курсеви што ја менуваат иднината на илјадници талентирани деца од Македонија

Трет пат по ред: „Бистри Умови“ објавува целосно бесплатни курсеви по математика и информатика достапни за сите

И оваа година, по трет пат по ред, „Бистри Умови“ организира целосно бесплатни повеќемесечни курсеви по математика и информатика за ученици од целата држава. До сега, овие бесплатни курсеви ги посетуваа илјадници деца од цела Македонија, а интересот секоја година постојано расте.

Трет пат по ред: „Бистри Умови“ објавува целосно бесплатни курсеви по математика и информатика достапни за сите

Илјадници деца добиле шанса бесплатно да учат, а интересот секоја година расте

Тоа е најголемата потврда дека кога ќе се даде шанса – талентот секогаш блеска. Нашата мисија е јасна: ниту едно талентирано дете да не остане без поддршка. Во „Бистри Умови“ учењето значи мотивација, напредна програма и подготовки за натпревари – бесплатно, достапно и отворено за секое дете.

Илјадници деца добиле шанса бесплатно да учат, а интересот секоја година расте

Анита Атанасова-Грчев: „Нашата цел е едноставна – секое талентирано дете да добие шанса да успее“

„Нашата цел е едноставна – секое талентирано дете да добие шанса да успее“ изјави Анита Атанасова-Грчев, Претседател на БИСТРИ УМОВИ.

Анита Атанасова-Грчев: „Нашата цел е едноставна – секое талентирано дете да добие шанса да успее“

Лесно пријавување за бесплатните курсеви – само преку Facebook профилот на „Бистри Умови“

Како да се пријавите? Пријавувањето се врши преку линкот објавен на официјалниот Facebook профил на „Бистри Умови“: https://www.facebook.com/100095129580571 Отворете го профилот, пронајдете ја објавата за бесплатните курсеви и пополнете ја кратката пријава. По завршување на пријавите, ќе се формираат групите и ќе бидат испратени сите потребни инструкции.

Лесно пријавување за бесплатните курсеви – само преку Facebook профилот на „Бистри Умови“