No Image x 0.00 + POST No Image

Кога има овци за стрижење: Жена од Сан Франциско наплаќа неверојатни 30.000 долари за да им помогне на „очајните“ родители да изберат име

SHARE
25

Колку вреди едно име? Очигледно, и до 30.000 долари. Богати идни родители одлучуваат на вистински луксузен начин да го изберат името за своето дете – вработуваат професионален "бебе-именувач" по цена што ги шокира сите!

Кога има овци за стрижење: Жена од Сан Франциско наплаќа неверојатни 30.000 долари за да им помогне на „очајните“ родители да изберат име

Тејлор Хамфри – жената што го прави крштевањето трговија со стил и профит

Тејлор А. Хамфри од Сан Франциско некогаш само ги споделуваше нејзините опсесии со имиња на бебиња онлајн, а денес работи како луксузен консултант за име. Во 2020 година таа именувала повеќе од 100 бебиња и заработила над 150.000 долари, а тогаш нејзините услуги чинеле 'само' 1.500 долари по име.

Тејлор Хамфри – жената што го прави крштевањето трговија со стил и профит

Имиња по нарачка и психолошка анализа за „совршено име“

Хамфри користи детални прашалници за да го запознае секој родител – нивните желби, интереси и вкусови. За едноставна препорака преку е-пошта, цената започнува од 200 долари, а ексклузивните услуги достигнуваат и до 30.000 долари. Во понудата има истражување на корени, брендирање на името или дури и ангажман на тим од експерти.

Имиња по нарачка и психолошка анализа за „совршено име“

Побарувачката расте

Нејзините клиенти бараат имиња што се ретки, но не и чудни, едноставни, ама не банални, модерни, а не премногу тренди. Притоа, Тејлор често се чувствува како терапевт, медијатор и советник – не само како измислувач на имиња. Таа има 100.000 следбеници на ТикТок и Инстаграм и портфолио со над 500 бебешки имиња.

Побарувачката расте

Потсмев на интернет, полн распоред и уверување дека ова е „важна работа“

Иако се соочува со исмејување и перцепција дека нејзината професија е апсурдна, Хамфри вели: „Морам да се помирам со фактот дека луѓето се подбиваат со мојата содржина на социјалните мрежи. Јас го прифаќам, затоа што верувам дека ова што го работам е навистина важно.“ И навистина, можеби е чудно – но оваа работа ја направи единствена и успешна.

Потсмев на интернет, полн распоред и уверување дека ова е „важна работа“