No Image x 0.00 + POST No Image

Кога глупоста станува злато: Најапсурдните судски победи што донесоа богатство

SHARE
20

Дали сте слушнале за жената што доби 2,7 милиони долари од „Мекдоналдс“ затоа што ѝ се истури кафе? Оваа приказна е само почеток на низа уште чудни судски процеси, каде што тужителите заработија цели богатства – не од памет, туку од невидена глупост. Овие случаи се уште одекнуваат низ светот како шега и предупредување.

Кога глупоста станува злато: Најапсурдните судски победи што донесоа богатство

Случајот со жешкото кафе – Стела Либек против „Мекдоналдс“ (1994)

Стела Либек, 79-годишна пензионерка, во паркиран автомобил си истурила жешко кафе од „Мекдоналдс“ во скутот и се здобила со изгореници од трет степен на 6% од телото. Била потребна трансплантација на кожа. Адвокатите на „Мекдоналдс“ тврделе дека кафето било на „нормална температура“ и дека вината е кај жената. Но на суд се покажало дека: Температурата на кафето била 82–88°C (на 60°C изгореници се добиваат за 20 секунди, а на 88°C за само 3 секунди). „Мекдоналдс“ веќе имал над 700 слични жалби за изгореници, за кои платил 500.000 долари – но без да ја смени практиката. Либек барала само 20.000 долари за лекување, но компанијата ѝ нудела 800 долари. Судот пресудил дека „Мекдоналдс“ е 80% виновен и досудил 2,7 милиони долари казнена отштета (два дена приходи од кафе) плус 200.000 долари компензација. По жалби, страните постигнале доверлива спогодба. На интернет кружат гласини дека Либек добила околу 600.000 долари. Од тогаш, чашите на „Мекдоналдс“ добија ознака „Внимание: Жешко!“, а случајот инспирираше и сатирата „Награди Стела“ за апсурдни тужби.

Случајот со жешкото кафе – Стела Либек против „Мекдоналдс“ (1994)

Кампер на автопилот – Мерв Грачински против „Винебаго“ (2000)

Мерв Грачински од Оклахома Сити купил камп-дом долг 10 метри. На првото возење, го наместил автопилотот на 112 км/ч и влегол во кујната да си направи кафе. Комбето, секако, излетало од патот и се превртело. Грачински тужел – со аргумент дека во упатството не пишувало дека возачот не смее да го напушти седиштето додека е вклучен автопилот. Судијата се согласил дека компанијата „не предвидела вакво толкување“ и „Винебаго“ му исплатил 1,75 милиони долари плус нов кампер. Оттогаш, сите прирачници вклучуваат јасна реченица: „Контролата на брзината не е замена за возачот“.

Кампер на автопилот – Мерв Грачински против „Винебаго“ (2000)

Љубомората боли – Амбер Карсон против ресторан (1997)

Амбер Карсон влегла во ресторан и го видела поранешното момче со новата девојка. Во изблик на љубомора, фрлила чаша кон него – промашила, па се лизнала на истурениот пијалок и си ја скршила опашната коска. Таа го тужела ресторанот со образложение: „Персоналот не ме спречи да ја фрлам чашата и не ја исчисти локвата доволно брзо“. И покрај апсурдниот аргумент, судот ја прогласил вината на ресторанот и ѝ доделил 113.500 долари за „хронична болка“ и морална штета.

Љубомората боли – Амбер Карсон против ресторан (1997)

Ако пукаш во куче – Џери Вилијамс против соседот (1999)

Џери Вилијамс бил изнервиран од постојаното лаење на кучето на соседот. Решил да го „реши проблемот“ со воздушна пушка. Кучето, нормално, скокнало преку оградата и го каснало Вилијамс за задникот. Тој поднел тужба за медицински трошоци и „несоодветна реакција на животното“. Судијата пресудил дека иако Вилијамс ја предизвикал ситуацијата, соседот бил 20% виновен затоа што оградата била премногу ниска. Џери добил 14.500 долари – токму колку што чинела пластичната операција на неговиот „мек дел“. По овој случај, законите за минимална висина на оградите за сопственици на кучиња од опасни раси беа заострени.

Ако пукаш во куче – Џери Вилијамс против соседот (1999)

Кога судот кажува „Доста!“

Апсурдните победи се ретки – 99% од ваквите тужби завршуваат со здрав разум. Пример: судијата Рој Пирсон барал 65 милиони долари од хемиско чистење затоа што изгубиле панталони и го „прекршиле ветувањето“ од сопствениот знак: „Задоволството е гарантирано“. Судот не само што ја одбил тужбата, туку му наредил и да ги плати трошоците на сопствениците – сиромашно корејско семејство кое речиси банкротирало.

Кога судот кажува „Доста!“