No Image x 0.00 + POST No Image

Како една жена драстично го променила својот живот по доживување клиничка смрт?

SHARE
21

Во 2017 година, Аманда Вајдеман го преживеала незамисливото: автомобилска несреќа на планински пат во Британска Колумбија која го променила нејзиниот живот засекогаш. Возилото во кое биле таа и нејзиниот партнер се превртело и се запрело само неколку сантиметри од работ на бездна.

Како една жена драстично го променила својот живот по доживување клиничка смрт?

Момент кој менува сè

Тие се враќале од музички фестивал кога партнерот изгубил контрола на воланот. Возилото излетало, се судрило со друг автомобил и се превртело. Додека нејзиниот партнер останал свесен и викал за помош, Аманда лежејќи без чувства го започнала своето патување меѓу животот и смртта.

Момент кој менува сè

Непознато и светот после

Во тие мигови на клиничка смрт, првото што го почувствувала била целосна темнина, но таа темнина не ѝ предизвикала страв. Потоа се појавило чувство на присуство што таа го опишува како Бог – не зборувал со неа, но ѝ зрачел безусловна љубов. Околу неа, како што вели, се појавиле милиони духовни суштества.

Непознато и светот после

Враќање во реалноста со новa свест

Кога се разбудила, Аманда имала само лесна траума на вратот, а нејзиниот партнер добил потрес на мозокот. Но, трауматското искуство ѝ го променило целиот поглед кон светот и животот. По несреќата, Аманда го напуштила работното местото во брза помош, го продала својот дом и завршила долга врска. Денес, таа нуди онлајн-коучинг, волонтира и патува ширум светот, помагајќи им на луѓе кои преживеале траума, оддавајќи почит на животот кој ѝ бил повторно подарен.

Враќање во реалноста со новa свест