Клаудија Шифер наполни 55 години, но времето за неа е само бројка – таа изгледа неверојатно!
Клаудија Шифер е лице што ја претставува ерата на супермоделите уште од 90-тите години. Со кампањи за Chanel, Versace и Guess таа стана икона во модниот свет, а нејзиниот лик беше незаменлив во списанија и реклами. Денес, иако има 55 години, таа изгледа подеднакво свежо и стилски како и на врвот од својата кариера, што го потврдуваат и нејзините најнови фотографии на Инстаграм.
Гените и ставот – тајната на вечната младост на Клаудија Шифер
Кога имаш правилни гени и вистинскиoт став кон животот, филтрите се непотребни. На 55 години, Клаудија без мака позира крај базен, игра триктрак и ужива во животот како вистинска икона на стилот и самодовербата. Нејзините објави на социјалните мрежи предизвикуваат восхит и завист кај многумина, но сите се согласуваат: ова е жена која инспирира!