No Image x 0.00 + POST No Image

Кинез е прогласен за „најдобриот дечко“ откако за девојка му исплете традицонален кју пао фустан, инспириран од мајка му

SHARE
20

Фитнес ентузијастот Женг Тјанјуан, познат како „најдобриот дечко на Кина“, стана сензација откако во теретана ѝ исплете традиционален кју пао фустан на својата девојка. Овој неочекуван гест стана вирален и го донесе во фокусот на јавноста кај човекот кој го сведочи дека љубовта и креативноста немаат граници.

Кинез е прогласен за „најдобриот дечко“ откако за девојка му исплете традицонален кју пао фустан, инспириран од мајка му

Женг – човек со повеќе лица: од музика и радио, до бодибилдинг и рачна изработка

Женг Тјанјуан има 32 години и живее во Шенжен, провинција Гуандун. Има класично музичко образование, работи како радио диџеј, а годинава постигнал извонреден успех – шесто место на Националното првенство за бодибилдинг на Кинеската федерација за бодибилдинг. Покрај сето тоа, сега го носи и титулата – најдобар дечко во Кина.

Женг – човек со повеќе лица: од музика и радио, до бодибилдинг и рачна изработка

Првиот кјупао фустан на Женг: роденденски подарок од срце

Во август, Женг сподели објава на социјалните мрежи со кјупао во светлосина боја – роденденски подарок за неговата девојка. Ова му беше прв пат да се нафаќа на плетење, но со помош на шема за плетење што ја купил преку интернет, успеал да ја реализира оваа идеја и да создаде уникатен фустан. Тоj го користел своето слободно време – понекогаш дури и плетел додека возел внатрешен велосипед во теретана – обидувајќи се да го скрие изненадувањето од својата девојка. Му требале два и пол месеци да го заврши своето „дебитантско дело“. Женг изјави дека најтешкиот дел било одржувањето позитивен став, особено кога тие се карале. Со тек на време, плетењето станало негово хоби. Женг почнал да плете и мали куклички, а неодамна завршил уште еден фустан за неговата девојка. Подоцна сфатил дека љубовта кон плетењето ја наследил од својата покојна мајка, која исто така го сакала овој занает. Некои мажи оставиле непријатни коментари под неговите објави, прашувајќи зошто Женг прави „женска работа“. Женг одговорил дека ниедна работа не треба да биде определена според полот. „Жените денес работат работи што традиционално биле машки. Нормално е и обратно. Не стануваш помалку маж ако правиш нешто што традиционално го правеле жени.“ Неговиот став добил голема поддршка онлајн, особено од жени. Една жена напишала: „Исплете таков прекрасен фустан, а има тело како спортист!“ Друга додала: „Не можам да замислам колку е убаво да се излегува со човек како него.“

Првиот кјупао фустан на Женг: роденденски подарок од срце