No Image x 0.00 + POST No Image

Кинезите испишаа историја: Ова чудовиште со 3.000 коњи го сруши Бугати и летна со над 500 км/ч, но набрзо заврши во брутална несреќа

SHARE
0

Yangwang U9 Xtreme, електричниот хиперавтомобил на кинескиот производител BYD, испиша нова страница во автомобилската историја, поставувајки нов светски рекорд за најголема брзина постигната од сериски автомобил. На затворен дел од јавен автопат во Абу Даби, моделот достигна невероjатни 503,17 км/ч, со што стана првиот сериски автомобил што ја надминал границата од 500 км/ч. Со овоj резултат, Yangwang го подобри сопствениот рекорд од 2025 година, кога U9 Xtreme достигна 496,22 км/ч, надминуваjки го тогашниот рекорд на Bugatti Chiron Super Sport 300+ од 490,48 км/ч.

Кинезите испишаа историја: Ова чудовиште со 3.000 коњи го сруши Бугати и летна со над 500 км/ч, но набрзо заврши во брутална несреќа

10 километри од автопатот E11 биле затворени за Марк Басенг

За рекордниот обид, BYD обезбедил затворен дел од автопатот E11 во Абу Даби долг 10 километри, од кои околу седум километри биле искористени за постигнување на максималната брзина. Зад управувачот бил германскиот тркач Марк Басенг, а пред обидот целата траса била детално исчистена од песок и други нечистотии за да се обезбедат идеални услови за возење. Со тоа, Yangwang U9 Xtreme стана и првиот автомобил по Koenigsegg Agera RS во 2017 година што поставил светски рекорд за максимална брзина на јавен пат.

10 километри од автопатот E11 биле затворени за Марк Басенг

Од 490 км/ч првиот ден до 503,17 км/ч по ноќните подесувања

За рекордните перформанси е заслужен погонскиот систем составен од четири електромотори, кои заедно развиваат повеќе од 2.959 коњски сили, односно 2.207 kW. Во споредба со стандардниот U9, верзијата Xtreme користи 1.200-волтна електрична архитектура, наместо 800-волтниот систем, како и специjално развиена верзија на Blade батеријата на BYD. Рекордната брзина не била постигната веднаш. Првиот ден од тестирањето U9 Xtreme достигнал околу 490 км/ч, по што инженерите во текот на ноќта направиле серија прилагодувања. Оптимизирани биле температурата на батеријата и електромоторите, изменет бил аголот на задниот спојлер, дополнително било подесено потпирањето, а коригиран бил и притисокот во гумите за поголема стабилност при екстремни брзини. Следниот ден овие измени се покажале како успешни, а автомобилот официјално достигнал 503,17 км/ч, резултат потврден и од Гинисовата книга на рекорди (Guinness World Records). Покраj апсолутниот рекорд, Yangwang поставил уште три достигнувања — за наjбрз електричен сериски автомобил, наjбрза гума за електрично возило и наjбрза гума хомологирана за патна употреба. За рекордниот обид биле користени специjално развиени полу-слик гуми од производителот Giti Tire.

Од 490 км/ч првиот ден до 503,17 км/ч по ноќните подесувања

Неколку дена подоцна друг U9 Xtreme беше речиси целосно уништен во Кина

Неколку дена по поставувањето на рекордот, на интернет се појави видео од уште еден Yangwang U9 Xtreme, кој доживеал тежок инцидент за време на тестирања во Кина. Компанијата не откри со која брзина се движело возилото ниту што точно ја предизвикало несреќата, но ударот бил толку силен што автомобилот бил речиси целосно уништен. Сепак, карбонската монокок конструкциjа ја исполнила својата задача, а возачот поминал без потешки повреди.

Неколку дена подоцна друг U9 Xtreme беше речиси целосно уништен во Кина

-->