No Image x 0.00 + POST No Image

Кинезите го рушат светскиот рекорд: Yangwang U9 Xtreme е новиот најбрз автомобил на светот со 496,3 км/ч

SHARE
25

Пред само месец дена, луксузниот бренд на BYD – Yangwang, ја презеде титулата за најбрз електричен автомобил од Rimac Nevera, кога моделот U9 Track/Special Edition достигна 472,6 км/ч. Но инженерите од Yangwang не се задоволија со тоа. Сега, преработениот автомобил под името U9 Xtreme, го помести лимитот уште повисоко – до неверојатни 496,5 км/ч. Со оваа брзина, U9 Xtreme е новиот најбрз сериски автомобил на планетата, побрз дури и од Bugatti Chiron Super Sport 300+ за цели 5,7 км/ч.

Кинезите го рушат светскиот рекорд: Yangwang U9 Xtreme е новиот најбрз автомобил на светот со 496,3 км/ч

U9 Xtreme со над 3.000 коњски сили и четири мотори со 30.000 вртежи во минута

Yangwang потврдува дека U9 Xtreme (или U9X) е финалната, сериска верзија од моделот што го симна Rimac Nevera од тронот во август. Од тогаш, електрониката е подобрена, а сега фабриката тврди дека автомобилот развива „над 3.000“ коњски сили благодарение на четирите електромотори кои се вртат до 30.000 вртежи во минута. Станува збор за зачудувачки бројки – доказ колку далеку отидоа „војните за коњски сили“ кај електричните возила.

U9 Xtreme со над 3.000 коњски сили и четири мотори со 30.000 вртежи во минута

Само 30 примероци и сертификат за брзинскиот рекорд, но со контроверзија

Yangwang ќе произведе само 30 примероци од U9 Xtreme, што формално го прави сериски модел според стандардите за рекорди. Најголемата забелешка за неговиот рекорд е начинот на кој е постигнат. Брзината е мерена во само една насока, а вообичаена пракса за светски рекорди е просекот од две насоки (напред и назад) за да се избегнат придобивки од ветер или наклон на патот. Според тоа, некои списоци ја оспоруваат титулата на U9X.

Само 30 примероци и сертификат за брзинскиот рекорд, но со контроверзија

Дали U9 Xtreme е навистина најбрзиот автомобил?

За официјално без дилеми да се признае рекордот, на Yangwang ќе му треба уште еден официјален брзински тест во спротивна насока. Но, и без тоа, Yangwang U9 Xtreme е сега најбрзиот сериски автомобил во светот. Не само најбрз кинески или најбрз електричен автомобил – туку најбрз од сите досега. Дали има контроверзии или не, ова е достигнување што вреди да се прослави.

Дали U9 Xtreme е навистина најбрзиот автомобил?