No Image x 0.00 + POST No Image

Болна Кинезинка се заљубила во пациентот со рак кој требало да ѝ даде бубрег – договорот за донација прерасна во брак

SHARE
1

Жена од кинеската провинција Шанси, борејќи се со уремија, се омажи за пациент со рак, прифаќајќи да се грижи за него додека трае неговиот третман, а за возврат да го добие неговиот бубрег по неговата смрт. Неочекувано, од нивниот заеднички живот никнала вистинска љубов.

Болна Кинезинка се заљубила во пациентот со рак кој требало да ѝ даде бубрег – договорот за донација прерасна во брак

Договор со судбата: 24-годишната Ванг Сјао немала друга надеж освен бубрегот на пациентот со рак

Во 2014-та година, 24-годишната Ванг Сјао ја добила страшната дијагноза уремија и медицинарите и кажале дека и останала само една година живот без трансплантација на бубрег. Очајна поради отсуството на компатибилни донори меѓу роднините, Ванг решава да ја земе судбината во свои раце и станува дел од неверојатен договор со човек кој боледува од рак и чии денови се неумоливо преброени.

Договор со судбата: 24-годишната Ванг Сјао немала друга надеж освен бубрегот на пациентот со рак

Љубовта никнала меѓу две души што се бореле за живот: надежта станала посилна од болестите

Во текот на нивниот заеднички престој, двајцата ја пронашле топлината во хуморот и оптимизмот што ги споделувале. Неочекувано, нивната врска прераснала во љубов, иако првичната причина за заедничкиот живот им била борбата со сопствените болести. Нивната приказна добила внимание во кинеските медиуми, како потсетник на тоа дека дури и во најтешките моменти може да се роди среќа.

Љубовта никнала меѓу две души што се бореле за живот: надежта станала посилна од болестите