Кинеска жена со шокантна промена – по години користење традиционална кинеска медицина, кожата ѝ станала како на змија
На кинеските социјални мрежи се појави шокантна приказна за жена која разви пурпурно-црвени шари на својата кожа што изгледаат како змиска кожа, откако користела маст од „чиста традиционална кинеска медицина“ повеќе од 10 години. Станува збор за 40-годишната жена позната под псевдонимот Тингтинг, која во октомври била примена во болницата „Зонгда“ при Југоисточниот универзитет во Нанџинг, провинцијата Ѓангсу. Таа признала дека со години самата се лекувала без да побара професионална помош.
In This Article:
Тингтинг страда од сериозни здравствени проблеми
Тингтинг освен што страда од прекумерена тежинаи има и обемни пурпурно-црвени змиести стрии кои ја покриваат целата кожа и се соочува со висок крвен притисок. Тингтинг раскажува дека нејзините маки започнале пред 10 години, кога на нејзината долна десна нога се појавиле црвени флеки и неподносливо чешање. Како што продолжила да чеша, оштетувањата брзо се прошириле низ целото тело.
Убедена од рекламата го купила кремот и го користела континуирано цели десет години, потрошувајќи повеќе од 14.000 американски долари
Кремата била рекламирана како „чиста традиционална кинеска медицина“ која лечи сите кожни болести. Продавачот тврдел дека кремата е направена од „чиста традиционална кинеска медицина“ и може да „излечи секаков вид на кожни болести“. Името на производот не беше откриено. „Кога првпат почнав да го користам, ефектот против чешање беше неверојатен. Мислев дека конечно го најдов вистинскиот лек“, изјави таа. Иако на почетокот третманот изгледал како да ја стабилизира нејзината состојба, нејзиното здравје во последно време сериозно се влошило. Тингтинг покажала алармантни симптоми – целото тело ѝ било покриено со змијовидни, виолетово-црвени пукнатини, а дополнително страдала од оток на нозете, чести гадења, повраќање и вкочанетост во рацете. Главниот дерматолог на Универзитетот „Жонгда“, Ванг Феи, утврдил дека нејзиното ниво на кортизол е драматично намалено и ѝ дијагностицирал секундарна адренокортикална инсуфициенција — нарушување при кое надбубрежните жлезди не произведуваат доволно есенцијални хормони. По медицинска интервенција, состојбата на Тингтинг почнала да покажува знаци на подобрување. Сè уште не е познато дали ќе бара правна отштета.
Многу „чисто билни“ креми што се продаваат на интернет содржат стероиди
„Многу таканаречени ‘чисто билни’ и ‘без хормони’ креми за кожа што се продаваат преку интернет, всушност содржат скриени моќни стероиди“, изјави Ванг, додавајќи дека случаи како оној на Тингтинг не се реткост во нивниот дерматолошки оддел. „Стероидите навистина можат брзо да го ублажат чешањето, црвенилото и другите кожни симптоми. Но, долготрајната употреба доведува до зависност на кожата – кога ќе се прекине, симптомите често се враќаат. Уште полошо, стероидите можат да се апсорбираат преку кожата и со текот на времето да се натрупаат во телото, предизвикувајќи несакани ефекти, потиснување на функцијата на надбубрежните жлезди и трајно оштетување на здравјето.“ Ванг предупреди и дека лековите за кожа не се нешто што треба да се користи без надзор: „Посебно хормонските препарати – тие мора да се применуваат внимателно и исклучиво под медицинска контрола.“