98 годишна баба сама си го отсече „рогот на долговечноста“ од челото – додека светот е во шок, таа заврши на итна операција
Во Кина, 98-годишната баба по име Гу од Шангај предизвика вистинска сензација – со обични ножици си го отсече рогот кој ѝ растел на челото, симбол со длабоко значење во кинескиот фолклор.
In This Article:
Растењето на „рогот на долговечноста“ – стар симбол, нов проблем за Гу
Рогот, кој по традиција се смета за знак на долговечност, бил присутен на челото на бабата Гу неколку години. Со дијаметар од 3 до 4 сантиметри, а должина колку прст, овој израсток ѝ го менувал секојдневието, но и симболично го одбележувал нејзиниот животен пат.
Последиците биле фатални
Додека престојувала во болница поради друга здравствена состојба, бабата Гу конечно се изморила од погледот кон рогот и се одлучила - го пресекла со ножици, без одобрување од докторите. Самоинцијативата ја донела до работ на животот.
Незнањето и тврдоглавоста ја доведоа во критична состојба – лекарите едвај ја спасиле
Откако го отсекла рогот, челото ѝ се подуло и почнало обилно да крвари. Лекарите брзо ја ставиле на критична листа – нејзината состојба според нив можела да биде опасна по живот. Веднаш следувала итна хируршка интервенција.