Кина ќе го запира ширењето на пустините со „зелен ѕид“ голем 337.000 метри квадратни
Кина успешно ја решава една од најголемите еколошки закани – ширењето на пустините – преку грандиозен проект што започна пред четири децении. Целта е да се запре пустината Такла-Макан, една од најголемите во светот, со површина од речиси 337.000 квадратни километри. Проектот опфаќа создавање на „зелен појас“ од шуми, ливади и заштитни појаси во должина од над 3.000 километри околу пустината. Во него се вклучени повеќе од половина милион луѓе и применети се современи еколошки и агротехнички решенија. Овие природни бариери не само што го запираат песокот, туку ја обновуваат почвата и го намалуваат влијанието на ерозијата.
Подобрено земјоделство
Дополнително, кинеските експерти иновираа со поставување масиви соларни панели долж рабовите на пустината. Тие не само што ја блокираат песочната инвазија, туку и произведуваат електрична енергија за околните села. Благодарение на овие мерки, земјоделството во регионот значително се подобрило – се зголемила влажноста, се намалиле песочните бури и се прошириле обработливите површини. Промените во климата доведоа и до збогатување на флората и фауната. Овој проект е доказ дека со визија и посветеност може да се обноват уништени екосистеми и да се обезбеди одржлива иднина за локалното население и идните генерации.