No Image x 0.00 + POST No Image

Кина гради вештачки остров, пловечка кула од 30 ката – најголемата платформа за истражување на океаните направена до сега

SHARE
25

Некои земји градат носачи на авиони за да ја покажат моќта низ светот, а други инвестираат во мегаструктури за да ги истражуваат длабочините на океанот. Универзитетот Шангај Џиао Тонг неодамна ја објави изградбата на најголемата полу-потоплива истражувачка платформа досега замислена: „Време-отпорна платформа за истражување на отворено море“, позната и како „Пловечки остров на отворено море“. Овој футуристички проект ќе биде висок 30 ката и ќе наликува на огромна нафтена платформа, но во суштина ќе претставува вистински „остров во отвореното море“, јавува кинеската CCTV.

Кина гради вештачки остров, пловечка кула од 30 ката – најголемата платформа за истражување на океаните направена до сега

Платформата ќе биде опремена со шест главни лаборатории и простор за 238 луѓе

На платформата ќе бидат лоцирани шест главни истражувачки лаборатории, меѓу кои и лабараторија за морски катастрофи, опрема за проучување на морската метеорологија и тешка опрема за океанска технологија. Животните и работни простории ќе дадат доволно простор за екипа од 238 лица, вклучително и научници кои ќе спроведуваат експерименти на длабочина до 10.000 метри.

Платформата ќе биде опремена со шест главни лаборатории и простор за 238 луѓе

Палуба колку две фудбалски игралишта и базен што собира син кит – завршува до 2030 година

Изградбата на оваа пливачка истражувачка платформа треба да заврши до 2030 година. Кога ќе биде пуштена во употреба, оваа џиновска структура ќе има палуба со големина како две фудбалски игралишта и базен – познат како „moon pool“ – доволно широк за да собере целосно возрасен син кит.

Палуба колку две фудбалски игралишта и базен што собира син кит – завршува до 2030 година

Кина има најголема цивилна истражувачка цлита во светот – Западот ја следи и критикува

Кинеската Народна Република веќе се гордее со најголемата флота од цивилни истражувачки пловила, што често е причина за критики од западните земји. „Кина има различни морски истражувачки капацитети, како базени за длабински тестови, истражувачки бродови и длабински подморници“, изјави Сјао Лонгфеј, главен инженер на проектот, за CCTV.

Кина има најголема цивилна истражувачка цлита во светот – Западот ја следи и критикува

Инженерот Сјао Лонгфеј: „Недостига платформа за брзо движење и долготрајна работа во иста мисија“

Сјао Лонгфеј додаде: „Меѓутоа, недостасуваат истражувачки платформи кои можат и брзо да се движат и подолго време да работат во едно исто подрачје.“ Тој дополнува: „Со интегрирање на карактеристиките на полу-потопливите платформи и истражувачките бродови од областа на нафтената и гасната индустрија, создадовме сосема нов концепт на полу-потоплива истражувачка платформа.“

Инженерот Сјао Лонгфеј: „Недостига платформа за брзо движење и долготрајна работа во иста мисија“

-->