Кина ја покажува својата нуклеарна сила: Првата балистичка ракета со опсег од 10.000 километри го шокираше светот со својата воена парада
На спектакуларната воена парада, Кина ја претстави својата нова генерација на стратешко оружје, со балистичката ракета Jing Lei-1 (JL-1) за првпат прикажана во јавноста. Со ваков чекор, Пекинг испраќа силна порака за својата воена подготвеност и технолошка надмоќ.
JL-1 – кинескиот адут што менува стратешки баланси
Jing Lei-1 (JL-1) е првата кинеска ракета за воздушно лансирање со долг дострел – позната како ALBM. Според експертите, таа се очекува да може да се лансира од бомбардерот H-6. Со тоа Кина конечно ја комплетира својата нуклеарна тријада: способност да лансира нуклеарно оружје и од копно, и од море, и од воздух.
JL-3 – оружјето со кое Кина стигнува до САД
Со деклариран дострел од над 10.000 км, ракетата JL-3 е способна да носи три независно насочливи боеви глави (MIRV) и има капацитет да ја погоди територијата на САД. Ваквиот развој предизвикува сериозна грижа кај западните безбедносни аналитичари и ги заострува воените тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.