No Image x 0.00 + POST No Image

„Првиот трилионер во светот ќе биде само еден човек во подрум кој многу добро ја користи вештачката интелигенција“ - Марк Кјубан предупредува на новата ера на богатство и моќ

SHARE
21

Водечкиот светски инвеститор и милијардер, Марк Кјубан, тврди дека вештачката интелигенција е патот кон невидено лично богатство. Тој предвидува дека токму преку искористување на AI, ќе се појави првиот човек на планетава чија вредност ќе достигне – или надмине – еден трилион долари. „Сè уште не сме го виделе најдоброто од вештачката интелигенција. Можеби трилионерот ќе биде некое момче што работи сам во подрум. Толку е лудо тоа што може да се случи,“ изјави Кјубан.

„Првиот трилионер во светот ќе биде само еден човек во подрум кој многу добро ја користи вештачката интелигенција“ - Марк Кјубан предупредува на новата ера на богатство и моќ

Вештачката интелигенција веќе ги менува нашите животи и работни места – но ова е само почеток

Денес, луѓето користат AI за сè од автоматизација на секојдневни задачи, креирање распореди, па дури и како сопствен виртуелен советник. Компании како Чипотле го намалија времето за вработување за 75% благодарение на вештачката интелигенција. Според Кјубан, ова е само „предсезона“ во светот на AI. Тој се потсетува на скептизмот од времето на компјутерите: „Сите се прашуваа: ’Зошто ми треба интернет? Зошто ми треба компјутер?’“, вели тој. „Истото ќе се случи и со AI.“

Вештачката интелигенција веќе ги менува нашите животи и работни места – но ова е само почеток

AI не е совршена: Губење работни места, злоупотреби и огромно влијание врз животната средина

Како и со секој нов технолошки бран, AI носи сериозни предизвици. Некои компании, како Shopify и Fiverr, бараат од своите работници итно да усвојат AI вештини, бидејќи дел од задачите веќе ги презема технологијата. Дуолинго, пак, постепено заменува луѓе со AI. Вештачката интелигенција се користи и за измами, хакерски напади и ширење дезинформации. Освен тоа, центрите за обработка на податоци трошат огромна енергија – едно тренирање на модел како GPT-3 троши струја колку 120 американски домови за една година.

AI не е совршена: Губење работни места, злоупотреби и огромно влијание врз животната средина

Ако ја игнорирате AI, си правите штета: Кјубан советува сите да почнат да учат и експериментираат

И покрај опасностите, Кјубан е дециден: оние што не сакаат да се запознаат со вештачката интелигенција, ќе бидат оставени назад. „Преземете ChatGPT или Gemini од Google, поставете прашања – играјте се, но не верувајте слепо во одговорите. Кога нешто не ви се допаѓа – кажете му на AI, за да се подобри,“ вели тој.

Ако ја игнорирате AI, си правите штета: Кјубан советува сите да почнат да учат и експериментираат

AI нема да биде Терминатор: Наместо тоа, ќе ги подобри нашите животи и ќе создаде нова класа супербогати

Кјубан не верува во апокалиптични сценарија со AI-роботи што ќе ги заменат луѓето целосно. „Тоа не мисли. Тоа не е навистина паметно. Но може да пронајде информации и да ги претстави разбирливо.“ Следната револуција е веќе започната. Прашање е – дали Македонците ќе бидат корисници или креатори на чудата што овозможува AI?

AI нема да биде Терминатор: Наместо тоа, ќе ги подобри нашите животи и ќе создаде нова класа супербогати