No Image x 0.00 + POST No Image

КАМ воведува самонаплатни каси, збогум бескрајни колони на чекање

SHARE
22

Македонскиот трговски синџир КАМ започна со воведување самонаплатни каси, со цел да им овозможи на потрошувачите побрзо и поефикасно плаќање без долго чекање во редови. Новата услуга им овозможува на купувачите сами да ги скенираат производите, да извршат плаќање и за пократко време да го завршат купувањето.

КАМ воведува самонаплатни каси, збогум бескрајни колони на чекање

„Скенирајте, платете и заштедете време!“

Од компанијата посочуваат дека ова е уште еден чекор кон модернизација на услугите и подобрување на искуството на потрошувачите. Еве го нивното соопштение: „Од денес, вашето пазарење во КАМ добива ново искуство! Со задоволство ве известуваме дека започнавме со воведување на самонаплатни каси – нов начин на плаќање што е брз, едноставен и практичен. Уште еден чекор со кој го унапредуваме вашето искуство при пазарење во нашите маркети. Скенирајте, платете и заштедете време!“

„Скенирајте, платете и заштедете време!“

Првите каси се поставени во Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода

Услугата веќе е достапна на три локации: • КАМ Центар (K CENTAR, BUSINESS & RETAIL) – ул. Св. Кирил и Методиј бр. 3 • КАМ Ѓорче Петров (K MALL) – ул. Ѓорче Петров бр. 22 • КАМ Кисела Вода (K RETAIL) – ул. Христо Татарчев бр. 47В

Првите каси се поставени во Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода

-->