No Image x 0.00 + POST No Image

Како брачен пар во Франција најде злато во својот двор, но набрзо изгуби сè

SHARE
25

Во 2002 година, една семејна двојка купила куќа со двор во градот Роан, Франција. Седум години подоцна, додека саделе цвеќиња во дворот, откриле нешто што ги оставило во шок – закопани златни плочки. Прво нашле 6, а неколку години по тоа, уште 22. Вкупната вредност на 28-те златни плочки се проценувала на околу 800 илјади евра.

Како брачен пар во Франција најде злато во својот двор, но набрзо изгуби сè

Вистинска среќа? Парите од златото донеле истрага и судски спорови

Дел од златото (околу 15 плочки) парот го продало, а останатото го складирале во банка. Меѓутоа, наглата финансиска активност била забележана од финансиската агенција Tracfin, која почнала да ги проверува трансакциите. Кога веста излегла во јавноста, поранешните сопственици на куќата ги тужеле новите, тврдејќи дека златото било сопственост на нивното семејство и таму било скриено одамна.

Вистинска среќа? Парите од златото донеле истрага и судски спорови

Судовите пресудија: богатството мора да се врати на поранешните сопственици

Почнале долги судски процеси. На суд биле приложени семејни сведоштва и документи кои докажале врска помеѓу златните плочки и претходната фамилија. Апелациониот суд во Лион донел одлука во корист на тужителите, а највисокиот суд ја потврдил таа одлука: целото злато морало да се врати, а вредноста на продадените плочки (околу 640 илјади евра) компенсирана. Семејството што го пронашло златото остана без ништо.

Судовите пресудија: богатството мора да се врати на поранешните сопственици