No Image x 0.00 + POST No Image

Како љубовта ја одведе руската студентка Наташа во срцето на Нигерија: Од светот на бајките до суровата реалност без вода, струја и канализација

SHARE
20

Наташа беше омилената и прва убавица на својот факултет во Ижевск. Нејзиното срце, сепак, го освои шармантниот студент Џејкоб од Нигерија. Денес нејзината приказна ја потврдува старата мудрост: љубовта не познава граници... но, понекогаш судирот со реалноста е болен. Ова е вистинската приказна за тоа како еден африкански „принц“ ја одведе руската девојка во непозната земја, каде што ја дочекаа сиромаштија, стотици културолошки разлики и борба за опстанок.

Како љубовта ја одведе руската студентка Наташа во срцето на Нигерија: Од светот на бајките до суровата реалност без вода, струја и канализација

Од студентски другарувања до африкански брак

Запознавањето на Наташа и Џејкоб започнало како обична студентска дружба. Таа му помагала со руската литература и јазик, тој ја фасцинирал со својата култура и топлина. Љубовта се роди брзо, а Џејкоб воодушевено ѝ зборувал: „Јас во Африка сум вистински принц, имам голема куќа, вистински дворец!“ По бурната љубов, Наташа им соопштила на своите родители дека ќе се омажи за него. Тие, иако изненадени, го прифатиле изборот на ќерката.

Од студентски другарувања до африкански брак

Илузијата за дворецот: Наместо луксуз, живот во сурови услови во Нигерија

По свадбата, двојката одлучила да се пресели во Нигерија, во градот Минна – географското срце на земјата со околу 300.000 жители, еден од најсиромашните и најнечистите градови таму. Наташа очекувала раскошен дворец, но ја пречекала куќа без вода, струја и канализација. Африканската реалност била сосема поинаква од ветената бајка.

Илузијата за дворецот: Наместо луксуз, живот во сурови услови во Нигерија

Намерното прифаќање на предизвикот

Наместо да се уплаши и да избега, Наташа решила да се соочи со суровата реалност. Отворила сопствен салон за маникир, почнала да фотографира модели за локалните кројачи, отворила продавница за ткаенини, па дури и свадбено ателје. Работела неуморно и покрај сите тешкотии – во куќи каде што живеат петнаесет луѓе, а струја има само четири часа дневно.

Намерното прифаќање на предизвикот

Семејно богатство и љубов

Со текот на времето, Наташа и Џејкоб собрале доволно за свој дом со сопствен генератор. Семејството се проширило со две дечиња, а наскоро ќе добијат уште две. Во Африка, каде што големите и сложни семејства се гордост, секое дете е принц или принцеза. Нивниот заеднички живот, и покрај сета мизерија, станал пример за тоа дека среќата зависи од тоа како ги гледаме нештата околу нас. Не се битни условите; битна е волјата и љубовта. Како што велат: ако животот ти даде лимони, направи лимонада!

Семејно богатство и љубов