No Image x 0.00 + POST No Image

Како едно британско семејство ја остави скапата Британија за Бугарија и заштеди повеќе од 25.000 евра годишно?

SHARE
25

Во време кога секоја сметка во Британија ги стега обичните луѓе, семејството Смердон собра храброст и си го смени животот. Без хипотека и со сопствен дом, оваа фамилија сега живее во Бугарија и штеди повеќе од 2.000 евра месечно на животни трошоци. Преселбата од стресната Британија донела нова радост, слобода и чувство дека повторно се живее, а не се преживува.

Како едно британско семејство ја остави скапата Британија за Бугарија и заштеди повеќе од 25.000 евра годишно?

Животот во Велика Британија станал неподнослив: Високи сметки, ограничувања и чувство на заробеност

Ами и Џери Смердон живееле под постојан финансиски притисок. Иако двајцата работеле, не можеле да си дозволат сопствен дом, а секој месец плаќале кирија од 1.300 фунти и дополнително 670 фунти за сметки – што е над 2.200 евра. Во Британија се чувствувале како да се заглавени во бескраен круг на сметки, рестрикции и пресуди за родителството. „Само преживувавме, не живеевме", раскажува Ами.

Животот во Велика Британија станал неподнослив: Високи сметки, ограничувања и чувство на заробеност

Радикална промена

Семејството Смердон секогаш сонуваше да живее надвор од британското секојдневие и да има свое катче. Кога Ами добила наследство по смртта на нејзиниот дедо, сфатила дека тоа е нивната шанса. Купуваат стара куќа и магацин близу Попово за само 8.200 евра. Џери го претворил магацинот во дом и во март 2025 целата фамилија се преселила трајно во Бугарија. За реновирање издвојуваат дополнителен буџет од 11.800 евра и полека си го градат новиот живот.

Радикална промена

Нова слобода за децата и претежно безгрижен живот

Клучната промена за семејството е слободата. Децата можат да трчаат, да си играат слободно и гласно без страв од приговори и ограничувања. „Сега сме вистинско семејство – не само што преживуваме", вели Ами. Животот е поедноставен, а месечните трошоци паднале на само 230 евра. Но, признаваат дека не е се лесно: интеграцијата е тешка, понекогаш се чуствуваат осамено. Сепак, се радуваат на шансата да започнат одново.

Нова слобода за децата и претежно безгрижен живот

Од преживување до среќа

Семејството Смердон не жали за својата одлука. Велика Британија им ја украла радоста, но во новата бугарска куќа повторно се чувствуваат живи. „Сè е едноставно и опуштено, како да се вративме назад низ времето. Нема ограничувања – ако сакаш нешто, можеш сам да го оствариш", вели Ами.

Од преживување до среќа