No Image x 0.00 + POST No Image

„Имам 21 година, работам во Мекдоналдс и имам заштеда од 60.000 долари - еве ги моите трикови за буџетирање“

SHARE
23

Сте слушнале ли некогаш за млада девојка што работи во Макдоналдс и успеала да заштеди 60.00 долари до својата 21 година? Стела МакКормик од Престон е менаџерка во ланецот брза храна, но вели дека со неколку едноставни правила и дисциплина, секој може да се доближи до својот сон за сопствен дом.

„Имам 21 година, работам во Мекдоналдс и имам заштеда од 60.000 долари - еве ги моите трикови за буџетирање“

Првиот чекор: Запишете ги сите основни трошоци и контролирајте ги вашите финанси

„Ова е нешто што не се договара – ако не знаете точно колку трошите за сметки и други потреби, мора да ги организирате вашите лични финансии“, советува Стела. Секоја исплата во текот на месецот треба да се запише, за секогаш да знаете каде ви се парите.

Првиот чекор: Запишете ги сите основни трошоци и контролирајте ги вашите финанси

План за јадење и список за купување: Така избегнувате непотребно трошење

Следниот чекор е да планирате однапред – направете список со оброци за неделата пред да одите во маркет. Ако купувате само тоа што ви треба за тие оброци, ќе избегнете импулсивно трошење и ќе ви остане повеќе пари на страна.

План за јадење и список за купување: Така избегнувате непотребно трошење

„Wish list“ за купување: Одложете ги желбите, заштедете повеќе

Стела советува секое нешто што сакате да го купите, првин да го запишете на „wish list“ и да му се вратите по еден месец. „Ќе сфатите дека всушност не ви е ни потребно, како патиките или нов телефон. Ова го правам од своја 16-та година и скоро никогаш не сум купила работите што сум ги сакала“, објаснува таа.

„Wish list“ за купување: Одложете ги желбите, заштедете повеќе

Поставете реални финансиски цели и почнете со инвестиции – мудроста на младата генерација

Дури и малите цели прават разлика: „Ако си поставам цел да не потрошам повеќе од 100 долари неделно, го почитувам, дури и ако морам да одам пеш на работа наместо да платам такси.“ Стела ги инвестира своите пари во ISA, Premium Bonds и во разни компании, но предупредува: „Истражете добро пред да инвестирате.“ Нејзината мудрост ја ценат многу младинци онлајн – и инспирираат новата генерација да штеди и да се избори за финансиска слобода.

Поставете реални финансиски цели и почнете со инвестиции – мудроста на младата генерација