No Image x 0.00 + POST No Image

„Трчав по километар ипол секој ден 100 дена - еве како тоа целосно ми го промени телото“

SHARE
25

Зак Теландер, пејач-кантавтор од Тексас и татко, започнал предизвик: трчање по една милја (1.6 километри) секој ден 100 дена. За само три месеци, неговото тело се промени драматично –поизвајано и посилно, со подобра кондиција и побрзо опоравување. Но, промената беше многу повеќе од физичка.

„Трчав по километар ипол секој ден 100 дена - еве како тоа целосно ми го промени телото“

Од идеја до првиот чекор: Oд тежина во теговите до тежина на патеката

Зак започнал на 1 јуни, инспириран од раѓањето на ќерката, знаејќи дека ќе има помалку време за долгите тренинзи. „Си помислив, ќе биде кул денес да истрчам милја за 10 минути, па утре за 9 минути и 50 секунди, потоа за 9:40... сè додека повеќе не можам“, вели тој. Првиот ден се изненадил сам себе: лесно истрчал милја за 9 минути и 43 секунди.

Од идеја до првиот чекор: Oд тежина во теговите до тежина на патеката

Моментите на борба: Каде што дисциплината победува над мотивацијата

По 22 дена континуирано трчање, Зак почувствувал пад на мотивацијата. „Имаше денови кога навистина не ми се трчаше. Но, секогаш си велев, само јас ќе знам ако излажам – и тоа секогаш ме туркаше кон патеката“, вели тој. Тој сфати дека дисциплината, а не мотивацијата, е најважна за успех на еден ваков предизвик.

Моментите на борба: Каде што дисциплината победува над мотивацијата

Физички и ментални придобивки: Телото станува појако, умот појасен

Трчањето го стави во преден план, а теретаната падна во втор план. „Порано трошев часови во теретана, сега сакам да трчам. Не мислам дека тоа го поништува бодибилдингот, само повеќе не ми е приоритет“, вели Зак. По 100 дена: повеќе енергија, посилен кардио-систем, подобра фигура и опоравување. И уште поважно – подобро ментално здравје.

Физички и ментални придобивки: Телото станува појако, умот појасен

Мислата на Зак и предупредување од стручњаците: Вистинскиот предизвик започнува по 100 дена

Зак не планира да застане. „Сега можам да трчам без престан далеку повеќе од порано – и би било штета да ја изгубам оваа способност.“ Но, експертите предупредуваат: Интензивни краткорочни предизвици може да водат до воспаление и побавно опоравување. Светската здравствена организација препорачува најмалку 150 минути умерена или 75 минути интензивна физичка активност неделно. Редовното трчање не само што го јакне срцето, туку може да го подигне и квалитетот на животот – физички и ментално.

Мислата на Зак и предупредување од стручњаците: Вистинскиот предизвик започнува по 100 дена