No Image x 0.00 + POST No Image

Како еден милионер со приватен тениски терен стана „најомразениот човек на интернет“, поради едно скандалозно дело

SHARE
23

Петар Шчерек, полскиот милионер и бизнис магнат, е главна тема низ светските медиуми откако беше фатен како на САД Опен со сила одзема потпишана капа од еден млад фан – момент што го направи симбол на интернет-омраза на светско ниво. Луксузот во кој живее, ретко кој може да го замисли: современа вила, приватно езеро, сопствен тениски терен... но, сето тоа падна во сенка по една грда постапка.

Како еден милионер со приватен тениски терен стана „најомразениот човек на интернет“, поради едно скандалозно дело

Петар Шчерек живее во „селото на милионерите“

Бизнисменот со сопругата Ана и двајцата синови живее во луксузна оградена вила во историско мало полско село. Домот вреди над два милиона полски злоти – што е десет пати повеќе од просечната вредност на дом во Полска. Во задниот двор има приватен тениски терен, а често ги покануваат и професионални тенисери да играат со нив. Околу 65 километри од нивната резиденција се наоѓа „Calisia Tenis Pro“, тениски клуб чиј сопственици се токму тие.

Петар Шчерек живее во „селото на милионерите“

Шчерек ја зграпчи капата на малиот фан на САД Опен и ја стави во торбата на сопругата

Најгледаната сцена: Кога полскиот тенисер Камил Мајхчак му ја подаваше потпишаната капа на момчето Брок по својот најголем успех на САД Опен, случајно – или намерно – Шчерек ја зграпчи од рацете на детето и ја стави во торбата на својата насмеана сопруга. Детето остана шокирано и деморализирано, а цел свет ја виде постапката низ илјадници споделувања онлајн.

Шчерек ја зграпчи капата на малиот фан на САД Опен и ја стави во торбата на сопругата

Јавноста збесна – илјадници на интернет го осудија Шчерек

Потоа интернетот еруптираше: Илјадници коментари и бран на критики – и не само од навивачи. Политичари од Полска, како и самите тенисери, ја осудија постапката. Левичарската пратеничка Анита Кухарска-Дзедзиц изјави: „Несомнено најпознатиот полски бизнисмен на светот. Милијарди луѓе го видоа за еден ден. Полските претприемачи со години ќе го враќаат изгубениот углед“. Дури и тенисерот Мајхчак се огласи: „Очигледно имаше некаква забуна, но не беше во ред.“

Јавноста збесна – илјадници на интернет го осудија Шчерек

Со скршено срце и чувство на вина – јавна изјава и извинување на Шчерек

„Сакам недвосмислено да се извинам до навреденото момче, неговото семејство, сите фанови и самиот играч. Направив огромна грешка. Во момент на еуфорија и навивање погрешно помислив дека Камиљ ја подава капата кон мене за моите синови... Денес знам што направив и тоа не ми била намера, но го повредив детето и ги разочарав фановите“, изјави Шчерек. „Со години помагаме на деца и млади спортисти, но еден момент на невнимание може да уништи години труд. Ова е болна, но важна лекција по скромност. Уште поактивно ќе поддржувам иницијативи за деца и борба против омраза. Само делата можат да ја повратат довербата“. Тенисерот Мајхчак во меѓувреме го повика светот да престане со омразата и потврди: момчето било пронајдено, а капата заменета.

Со скршено срце и чувство на вина – јавна изјава и извинување на Шчерек