No Image x 0.00 + POST No Image

Како мала тргуваше со покемони и заработи милијарди: Историјата на милијардерката Луси Гуо, најмладата самостојна милијардерка според Форбс

SHARE
20

Луси Гуо, претприемачка и милијардерка, уште како дете почнала да заработува пари на училишниот двор. Нејзиниот успех денес ја оформува како најмладата самостојна милијардерка на Форбс, со богатство од 1,3 милијарди долари.

Како мала тргуваше со покемони и заработи милијарди: Историјата на милијардерката Луси Гуо, најмладата самостојна милијардерка според Форбс

Пораснала во скромно семејство со родители имигранти

Луси се родила и израснала во Фремонт, Калифорнија, со родители имигранти од Кина. Тие живееле многу штедливо, но истакнувале колкава вредност имаат парите и образованието. „Родителите ми жртвуваа сѐ за да дојдат во Америка и да овозможат подобра иднина, а бидејќи образованието им беше сѐ, бев принудена да имам одличен успех. Ме тераа да учествувам на абакус натпревари,“ вели Луси.

Пораснала во скромно семејство со родители имигранти

Болна одлука: Го напушта факултетот непосредно пред дипломирање за нова шанса

Иако студирала компјутерска наука и човечка компјутерска интеракција на Универзитетот Карнеги Мелон, Луси решава да се откаже од факултетот една година пред дипломирањето. Нејзините родители се чувствувале изневерени: „Тоа беше како шамар за нив.“ Наместо тоа, прифаќа стипендија од програмата „Theil Fellowship“ која им дава 200.000 долари на млади таленти да градат бизниси.

Болна одлука: Го напушта факултетот непосредно пред дипломирање за нова шанса

Училишен претприемач: тргување со покемони и продажба на моливи

Под притисок на скромниот живот, Луси уште мала наоѓа начини да заработува. „Тргував со покемони, продавав обоени моливи, сѐ што ќе најдев.“ Дури нејзините родители ѝ ги одземале парите кога не се однесувала добро. Затоа, уште во второ одделение Луси си отворила PayPal сметка за да ги зачува своите заштеди. Подоцна, почнува да продава ретки Неопетс и виртуелни пари, потоа програмира ботови за игри и креира интернет-маркетинг алатки, заработувајќи сѐ повеќе.

Училишен претприемач: тргување со покемони и продажба на моливи

Компјутерите беа нејзиниот свет, а видеоигрите ја инспирираа кон милијардите

„Сите забави и дружења беа забранети, па целото слободно време го минував пред компјутер. Видеоигрите ме тераа да научам како да бидам подобра и се роди желбата да креирам свои игри. Компјутерските науки прераснаа во мојата страст.“ Ја основала Scale AI, компанија што ја купи Meta за 25 милијарди долари, а потоа ја создава платформата за монетизација Passes и фондот Backend Ventures.

Компјутерите беа нејзиниот свет, а видеоигрите ја инспирираа кон милијардите