Совети од милионер: Како богатите ги кројат правилата и како ти можеш да ги победиш во нивната сопствена игра?
Како основач на „Your Rich BFF“ и авторка на „Rich AF: The Money Mindset That Will Change Your Life“, Вивиен Ту, има едноставна цел: да нѝ објасни како размислуваат богатите за парите и да нè научи како и ние да играме според нивните правила – и дури да ги победиме на нивен терен.
In This Article:
Вивиан не се родила со „златна лажичка“
Ту пораснала во скромно семејство на имигранти, каде штедењето било императив. Не секогаш била добра со парите – морала да учи од почеток. Пред да го заработи првиот милион на 27 години и да стане финансиски едукатор и успешна авторка, работела на Волстрит и имала сопствен ментор. Денес, таа ги споделува тие лекции со сите.
Богатите не играт според истите правила: Тие ги прекршуваат познатите закони за пари
„Брз одговор? Не како обичните луѓе. Богатите секојдневно ги кршат сите „правила“ што нас нѝ ги наметнале“, пишува Ту. Тие не се грижат за буџетирањето како за нешто страшно, туку како за алатка што им обезбедува повеќе можности и полна тегла со колачиња. Ова значи дека буџетот не е казна, туку рецепт за исполнет и убав живот.
Штедењето создава сигурност – но, богатството го гради инвестирањето
Штедењето е темел на финансиската сигурност. Со него ќе имаш обезбеден фонд за итни случаи и ќе се спасиш од циклусот „од плата до плата“. Но, вистинското богатство доаѓа преку инвестирање. Парите можат да работат за тебе 24/7 – тие не спијат, не јадат, не пијат кафе.