No Image x 0.00 + POST No Image

Каде одиш Македонијо: Секој четврти ученик на 15-16 години се коцкал за пари

SHARE
25

Податоците од истражувањето ЕСПАД 2024 отвораат тешко прашање за секој родител, наставник и институција во земјава: колку рано коцкањето станало дел од секојдневието на младите? Во последните 12 месеци, еден од четворица ученици на возраст од 15 до 16 години во Македонија се коцкал за пари. Кај момчињата уделот е 34 отсто, а кај девојчињата 16 отсто.

Каде одиш Македонијо: Секој четврти ученик на 15-16 години се коцкал за пари

Од 4,5 на 7,6 отсто за пет години кај учениците што веќе се коцкаат

Особено загрижува растот на проблематичното коцкање меѓу учениците кои веќе влегле во тој круг. Според податоците, оваа појава пораснала од 4,5 отсто во 2019 година на 7,6 отсто во 2024 година. Податоците ги објавија ХЕРА Млади и иницијативата „Фрли ја коцката!“, кои преку акција во Скопје алармираа за сè поголемата достапност и нормализација на коцкањето меѓу младите.

Од 4,5 на 7,6 отсто за пет години кај учениците што веќе се коцкаат

500 метри на хартија, обложувалници и казина сè уште крај училишта и градинки

Организациите бараат построга контрола на обложувалниците и казината во близина на училиштата, ограничување на рекламирањето, особено на интернет и социјалните мрежи, подобра проверка на возраста и поголема превенција од зависности. Иако законските измени предвидуваат објектите за приредување игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, од организациите велат дека во пракса сè уште има обложувалници и казина во непосредна близина на училиштата и градинките.

500 метри на хартија, обложувалници и казина сè уште крај училишта и градинки

800 милиони евра оставени во коцкарници и обложувалници во 2023 година

Во Македонија во 2023 година имало 58 правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување. Нивниот приход изнесувал 800 милиони евра, пари што граѓаните ги оставиле во коцкарници и обложувалници. Компаниите од оваа дејност, според анализата на порталот „Пари“, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра. Истовремено, компаниите со дејност обложување и игри на среќа имаат 7.745 вработени и се сериозен полнач на државниот буџет преку придонеси и даноци.

800 милиони евра оставени во коцкарници и обложувалници во 2023 година

ПРО БЕТИНГ со 194,5 милиони евра, КАСИНОС АУСТРИА со 90,1 милион евра

На прво место по приход е ПРО БЕТИНГ. За оваа компанија веќе со години е зацементирано првото место. Ланскиот приход и бил 194,5 милиони евра и е дури 33 проценти поголем отколку во 2022 година. На второ место по промет е Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Тоа собрало 90,1 милион евра, што е 11 проценти повеќе отколку во 2022 година.

ПРО БЕТИНГ со 194,5 милиони евра, КАСИНОС АУСТРИА со 90,1 милион евра

-->