No Image x 0.00 + POST No Image

Јохан Елзесар: Миро „ПарХет" стана директор на изгорената Универзална Сала, која со години не постои

SHARE
25

Универзална сала е срушена. Нема ни темели. Нема ни конструкција. Нема ни датум кога ќе биде изградена. Но Скопје веќе има директор за неа. Орце Георгиевски, градоначалник на Скопје, за в.д. директор на Универзална сала го назначил Миро Кацаров, телевизиски водител познат по емисии кои ретко кој ги догледал до крај.

Јохан Елзесар: Миро „ПарХет" стана директор на изгорената Универзална Сала, која со години не постои

„Нашиот“ принцип на избор: Од ПарХет до директор на руинирана сала

Јохан Елзесар, граѓанин кој го следел Кацаров уште од почетокот на неговата телевизиска кариера, раскажува: „Деновиве пред години, случајно ми се појави некоја музичка емисија од типот на БЕКСТЕЈЏ, гледам машко голобрадо дете, труп, не знае да говори, кој меѓу другото спомна и парХет. Во коментар му пишам: 'Од кај си бе ти младо момче, викаш парХет, а си завршил средно и си прочитал колку толку лектири?' Чесно ми одговори дека е од Штип или Прилеп, искрено не памти, и дека таму така го викале. Му реков, терај, немаш право, паркетот е паркет. Малиот рече „примам знаење“ и тука заврши муабетот." Но со тоа не завршила приказната. Елзесар продолжува: „Вокабуларот не го сменил ни милиметар, единствена промена е во килажата, најмалку 20 кг плус. Сакав да кажам не сум издржал да гледам повеќе од 30 секунди. Се до ден ДЕНЕС кога гледам го избрале за в.д. директор на Универзална. Прејасно е дека 'малиов' е избран по следниот познат 'непартиски' принцип. Таткото: 'Шефе, мислам овој да го ставиме за директор.' Шефот: 'Наш ли е?' Таткото: 'Да, наш е.' Шефот: 'Стави го одма.'"

„Нашиот“ принцип на избор: Од ПарХет до директор на руинирана сала

Плата за директор на срушена Универзална сала без изградба на хоризонтот

Универзална сала беше срушена. На нејзино место треба да се изгради нова. Кога ќе биде изградена, никој не знае. Но директорот веќе добива директорска плата. Граѓаните не молчат. „Не се секирајте, дур ја направат Универзална ќе му помине мандатот. Платата останува гратис", пишува Саша Ѓорѓиевски. „Копитово додека се направи Универзална ќе зима директорска пензија", додава Дејан Станковски. Катерина Велковска прашува директно: „А шо ќе работи? Кому ќе директорува?" Сокол Марковски пак поставува прашање кое го кажува сè: „А имаме Универзална Сала?!"

Плата за директор на срушена Универзална сала без изградба на хоризонтот

Водителот и вокабуларот: Нејасни квалификации, но добра врска со градоначалникот

Оние кои ја следеле неговата телевизиска кариера не се изненадени од именувањето, туку од самиот чин. Коментарите течат како река: „Ретко иритантен лик. Односот кон гостите близу до катастрофа. Не ми е јасно со кои квалификации располага за да биде директор на сеуште непостоечка сала" „Брука и разочарување! Овој Пархетов в.д. директор? Сега е во Алфа води некоја бљувотина и така се изгреба за фотеља",. „Дечкото благе везе нема од водење, али човекот си има грб кој стои зад него. Близок со актуелниот градоначалник на Скопје, кој секогаш го фалел кога е водител дека бил најдобриот."

Водителот и вокабуларот: Нејасни квалификации, но добра врска со градоначалникот

Лична карта на Скопје: Универзална сала не може да води кој било

Универзална сала не е обичен објект. Со декади беше место каде свиреле најголемите имиња на балканската музичка сцена. „Бренд и лична карта на Скопје не може да биде кој и да е. Единствено Игор Џамбазов може", вели Лидија Миленковска. Нина Михајлов го предлага Златко Стевковски, поранешен директор на КиЦ, Кино Милениум и МКЦ: „Достоен избор, класа човек, ултра способен. Ако навистина сакаат саглам раководство, тој треба да е изборот." Но тоа очигледно не е критериумот по кој се бира.

Лична карта на Скопје: Универзална сала не може да води кој било

Две директорски фотелји, две плати, една руина: државен апсурд на дело

Освен в.д. директор на Универзална, Кацаров е и водител на Лотото на Државна Лотарија. Двете функции истовремено. Скопје доби директор на сала која не постои. Директорот добива 2 државни плати истовремено. Универзална сала сè уште нема ни темели. Сè си е во ред.

Две директорски фотелји, две плати, една руина: државен апсурд на дело

-->