No Image x 0.00 + POST No Image

„Бев тренер за слабеење кој им помагаше на клиенти додека тајно се прејадував со брза храна. Еве како конечно изгубив тежина – без инекции – и повторно се чувствувам младешки во педесеттите“

SHARE
25

Тренерка за слабеење која не можела да ги скрши сопствените лоши навики со храната открива како конечно успеала да ослабе 38 килограми без помош на инјекции и сега изгледа двојно помлада за своите години. Лиса Мејдмент (52) од Вест Мидлендс, години поминала во циклуси на јо-јо диети додека им помагала на други да ослабат, тајно наградувајќи се себе си со по неколку готови јадења неделно.

„Бев тренер за слабеење кој им помагаше на клиенти додека тајно се прејадував со брза храна. Еве како конечно изгубив тежина – без инекции – и повторно се чувствувам младешки во педесеттите“

Невозможно да се излезе од спиралата: Тајно ги јадев слатките на децата и заменував пакети

Да се биде самохран родител и да се грижи за мајка си Кристин, која боледува од Алцхајмер, силно влијаело врз менталното здравје на Лиса. Таа признава: „Навечер ги јадев слатките на децата, а тие ми велеа: 'Каде исчезнаа?' и јас мораше да купувам нови." Во доцните 40-ти достигнала 102 килограми, купувала гардероба број 50 и чувствувала дека го изгубила идентитетот. Пресудна била мислата да не изгуби време со двете деца: „Јас сум постара мајка, кога ќе имам 60, тие ќе бидат 20 и 17. Помислив: 'Морам да бидам здрава, ако вака продолжам, ризикувам да ме нема кога најмногу ќе им требам!' Тоа беше големото будење за мене.“

Невозможно да се излезе од спиралата: Тајно ги јадев слатките на децата и заменував пакети

Почеток на диетата: Од четири оброци на ден до неверојатни резултати и загубен 1 килограм неделно

Во јули 2022, Лиса започнала со планот кој им го препорачувала на клиентите: по четири оброци со заменска храна на ден, за да намали искушенија без да му наштети на телото. После првиот месец изгубила скоро 7 килограми и додала мал оброк од 200 калории. Постепено се враќала на цврста храна, учејќи повторно да се справува со празници, родендени и секојдневни предизвици: „Понекогаш не се сносев најдобро, но веднаш се враќав на режимот.“

Почеток на диетата: Од четири оброци на ден до неверојатни резултати и загубен 1 килограм неделно

Од навики на прејадување со грицки и достава до баланс со 80-20 правило и тежок тренинг

Порано, Лиса јадела што ќе најде за доручек и ручек – колачиња, сирење, пакети од достава, чоколади и слатки. „Се заглавуваш во негативна спирала. Кога си со прекумерна тежина, се чувствуваш ужасно и пак се тешиш со храна, па уште повеќе се мразиш... додека не кажеш – доста е!“ Денес прескокнува појадок, има багел со јајца за ручек, а навечер високопротеински оброк од маркет. Грицките сега се чоколадо-оризови галети или малку посно месо. Правилото 80-20 и физичка активност и овозможиле да се чувствува полна со енергија. Сега подига и до 65 килограми на тренинг, а најголемата награда и се моментите на плажа со децата.

Од навики на прејадување со грицки и достава до баланс со 80-20 правило и тежок тренинг

Новиот изглед и операцијата целосно го сменија и нејзиниот ментален склоп – „Сега сум вистински жена“

Лиса веќе една година е стабилна на 61 килограм и носи европски број 36-38. Година по слабеењето, отишла во Литванија и платила речиси 8.000 евра за 360° абдоминопластика, подигнување и зголемување на градите и лифтинг на очите: „Сега конечно се чувствувам женствена и секси.“ Откако нејзината ќерка ја видела по операцијата, и рекла: „Мамо, го имаш телото на 25-годишна!“, а Лиса низ смеа додава: „Не сакам да бидам 25, но сега вистински се сакам, внатрешно и надворешно.“ Клиентите и пријателите ја препознаваат едвај, а позитивните коментари и го полнат срцето:„О, Боже, не те препознав, изгледаш како сосема друга личност!". Чувството е радост, гордост и задоволство.“

Новиот изглед и операцијата целосно го сменија и нејзиниот ментален склоп – „Сега сум вистински жена“

Диетите и самотијата ја изолираа, но денес Лиса се чувствува слободна и подготвена за љубов

Порано, Лиса избегнувала летни одмори, пливање, продавници и пробување облека. Сега со гордост носи бикини, резервира патувања и е активна мајка. „Порано едноставно не уживав. Сега вистински уживам и се чувствувам прекрасно." Љубовниот живот ѝ тргнал на подобро: „Започнав да се забавувам преку интернет, а сега изапознав некого, независно од интернетот. Никогаш не би излегувала додека бев покрупна, не сакав тоа да бидам јас“. Операцијата на кожата не ја намали нејзината тежина: „Имав некои негативни коментари дека хирургијата ми помогнала да ја симнам последната тежина, но не изгубив ни еден грам. Само ми се намести кожата. Сега изгледам и се чувствувам поенергично, живо и исполнето.“ „Тежината, по мое мислење, те заробува – така беше и со мене. Слабеењето целосно ми го ослободи животот. Не се плашам повеќе да кажам што мислам. Порано многу се грижев што ќе помислат другите, постојано размислував и се обидував да се докажувам. Сега – помалку размислувам, сигурна сум во себе и знам која сум" – завршува Лиса.

Диетите и самотијата ја изолираа, но денес Лиса се чувствува слободна и подготвена за љубов