Јапонската наука ви го претставува најновиот лек: Дишите преку задникот, можеби така ќе преживеете
Научници од Јапонија и САД открија револуционерна техника за луѓето што не можат да дишат преку белите дробови: доставување кислород на малку неочекуван начин, токму од таму каде што сонцето никогаш не сјае. Првите испитувања на „ректрално дишење“ кај луѓе докажуваат дека постапката е безбедна и добро се поднесува. Сериозно болните одвај го дочекаа ова решение, а јавноста сè уште не може да поверува дека ова не е некој скеч на Тино и Атанас.
In This Article:
- Рибите, желките и свињите одамна знаат како: Реалност или шега, животните го прават тоа секојдневно
- Чекор 1: Кислород преку клистер – научниците на доброволци тестираат ново решение
- Следно: Вистински тестови со кислород за пациентите
- Во борбата со недостатокот на респиратори: Дишете како што можете – науката не се шегува!
Рибите, желките и свињите одамна знаат како: Реалност или шега, животните го прават тоа секојдневно
Некои риби што живеат на дното на океаните, дишат преку својот задник кога нема доволно кислород во водата. Слични механизми користат желки, морски краставици, ларви на водни инсекти, па дури и свињите. Она што беше нешто што можеше да се види само во светот на животните, наскоро ќе биде на располагање и за луѓето се со цел да се спаси живот.
Чекор 1: Кислород преку клистер – научниците на доброволци тестираат ново решение
По успешните тестирања на животни, научниот тим во Јапонија собра 27 здрави – и исклучително храбри – мажи, кои прифатија да добијат до литар ипол течност богата со кислород која се внесува ректално, како клистер, и се задржува 60 минути. Дваесетмина успеале да го издржат целиот час, јавувајќи подуеност и непријатност, но без сериозни несакани ефекти. Уште поважно, оваа фаза беше само за да се провери безбедноста, а не ефикасноста.
Следно: Вистински тестови со кислород за пациентите
Доктор Такањори Такебе вели: „Ова се првите човечки податоци и се ограничени само на безбедноста, не на ефикасноста.“ Следниот чекор ќе бидат испитувања дали телото навистина впива повеќе кислород преку оваа процедура и колку долго и со какви количини треба да се изведува процесот за вистински да им се помогне на пациентите со белодробни болести.
Во борбата со недостатокот на респиратори: Дишете како што можете – науката не се шегува!
За време на ковид пандемијата, илјадници луѓе починаа поради недостиг на медицинска опрема. Оваа неочекувана, навидум понижувачка метода би можела да биде спас за многумина кога традиционалните методи не помагаат.