No Image x 0.00 + POST No Image

„Ја напуштив Велика Британија за Тајланд, сега живеам на островот каде што беше снимена „White Lotus“ без да платам ни долар кирија“

SHARE
31

На живописниот остров Кох Самуи во Тајланд, каде што се снимаше и третата сезона од „The White Lotus“, сè повеќе млади луѓе од странство пронаоѓаат начин да живеат бесплатно, волонтирајќи и разменувајќи вештини за сместување и храна. Една од нив е Иона, млада Британка која открива како преку платформата Worldpackers добила шанса да престојува два месеци на островот, работејќи во засолниште за кучиња. За возврат, таа добива бесплатно сместување, а понекогаш и храна, часови по јога и активности. Иона објаснува дека програмата нуди можности за волонтирање во 140 земји ширум светот – од чувување на желки во Костарика до предавање англиски во Индонезија. Нејзиниот живот на Кох Самуи се состои од грижа за кучиња, релаксирање на плажи и дружење со луѓе од различни култури. Таа истакнува дека Worldpackers го проверува и верификува секој домаќин, што гарантира безбедност за волонтерите.

„Ја напуштив Велика Британија за Тајланд, сега живеам на островот каде што беше снимена „White Lotus“ без да платам ни долар кирија“

Сосема поразличен живот од оној во Велика Британија

Од друга страна, Клаудија, која се преселила на островот во 2023 година, вели дека никогаш нема да се врати во Велика Британија. Таа го напуштила ОК откако се задолжила поради универзитетските трошоци и со партнерот заминала во Тајланд. Денес води свој бизнис за стратегија на социјални медиуми и вели дека животот на островот ѝ овозможува да се фокусира на својот личен развој.

Сосема поразличен живот од оној во Велика Британија

Огромна разлика во менталитетот

Клаудија ја нагласува разликата во менталитетот – од постојано жалење за временските услови и трошоците за живот во Британија до инспиративна заедница од луѓе што градат слобода и просперитет во Тајланд. За неа, најголемата предност е чувството дека секој ден е како на одмор: тренира на отворено, весла на даска и ужива во отворени ресторани. Таа го опишува тој стил на живот како ослободителен и мотивирачки.

Огромна разлика во менталитетот