Ја изедоа жената на интенет: Носела фустан од Тему на гламурозната вечера во Белата куќа среде паника и пукање
Сопругата на американскиот министер за војна Пит Хегсет, Џенифер Роше, ги изненади сите со изборот на фустан за традиционалната вечера со дописници во Белата куќа, настан кој доби вознемирувачки пресврт поради вооружен напад. Додека политичката и медиумската елита позираше на црвениот тепих, Џенифер стана вирална поради нејзиниот фустан, а подоцна вечерта, драмата ја засени целата свеченост поради пукање пред хотелот каде што се одржуваше настанот.
In This Article:
Сопругата на Хегсет се појави во фустан од Тему што чини само 13 евра и го шокираше интернетот
Џенифер, 41, се појави во тесен розев фустан со свилен детаљ на рамото и појас од иста ткаенина со светкав украс. Изненади што не носеше гардероба од познати дизајнери, туку модел што се продава на интернет платформата Шеин за околу 39 евра и бил достапен и на Тему за само 13 евра, како и на Амазон. Фустанот го комбинираше со чанта прекриена со цветни латици и сребрени плетени сандали од брендот Стив Маден. Додатоците беа дијамантски обетки и ѓердан, а косата ја имаше соберено во елегантна фризура.
Социјалните мрежи одушевени: „Ова е вистински потег за обичните луѓе“
Откако се дозна цената на нејзиниот фустан, интернетот експлодираше: „Вистински потег за обичните луѓе!“, напиша коментатор на Фокс њуз, Џои Џонс. Други додаваат: „Ја почитувам затоа што штеди пари. Ако дојдеше во скап фустан, пак ќе ѝ замеруваа“. Некој забележа: „Колку е кул тоа што секој може да изгледа како неа, без разлика на парите“. Џенифер не потврдила дали фустанот навистина е од Тему или Шеин, ниту каде го купила.
Шок на настанот: Настанот го прекина вооружен напад, без жртви
Враќајќи се на драмата од вечерта: прославата беше прекината од пукање пред хотелот Вашингтон Хилтон. Наставникот од Калифорнија, Кол Томас Ален (31), се обиде да влезе вооружен со пушка, пиштол и неколку ножеви, но беше совладан од тајната служба, а еден агент беше погоден во заштитниот елек, но нема сериозни повреди, ниту други повредени. Ален во својот манифест се потсмеваше со безбедноста: „Очекував камери на секој чекор, агенти со оружје, детектори насекаде – а најдов ништо! Ако бев агент од Иран, можев и митралез да внесам и никој да не забележи“, напиша тој.
Напаѓачот призна: Целта му беа високи функционери, случајот под истрага
Ален во својот манифест напиша дека повеќе не може да дозволи, како граѓанин, „претседателот криминалец, педофил и предавник“ да ја валка неговата чест, алудирајќи на Доналд Трамп. Тој нагласува дека предолго чекал шанса да направи нешто за тоа. Федералното обвинителство веќе го гони со две обвиненија за употреба на огнено оружје при извршување на кривично дело и напад врз федерален службеник со опасно оружје.