Сопственик на италијански ресторан предизвика бурни реакции: Снимал како навредува група од 16 Тајванци туристи зашто делат 5 пици
Во една пицерија во Монтекини Терме, во срцето на Тоскана, сопственикот направил видео во кое ги навредува 16 туристи од Тајван бидејќи нарачале само пет пици за да ги поделат помеѓу себе.
Видеото со навредите брзо се прошири и предизвика огромен гнев
Сопственикот на пицеријата, лут што големата група не нарачала доволно за очекувањата, ги снимил додека јаделе и разговарале, па ја објавил снимката во живо на интернет. Овој потег предизвикал жестоки реакции и осудувања, по што сопственикот бил приморан брзо да го избрише видеото.
Сопственикот призна дека претерувал – брзo јавнo извинување по лавината критики
Кога видел колку негативни реакции предизвикал неговиот потег, сопственикот веднаш го избришал првичното видео и објавил ново со јавно извинување. „Се извинувам што беа навредени туристите, не требаше така да реагирам", посочи тој во видеото што следело. Групата од 16 Тајванци пристигнала доцна поради гужва во сообраќајот и нарачала пет тенки пици и три чаши пиво. Ова, очигледно, било доволно за сопственикот да загуби трпение и да ја започне „пица драма“-та која заврши со срам.