No Image x 0.00 + POST No Image

Историски ден за македонската атлетика: Огнен Стефановски ги урна сите граници и постави нов рекорд во десетобој со 7189 бодови, докажувајќи дека во Македонија се раѓаат вистински атлетски воини

SHARE
25

Вчера во Марибор, Р.Словенија се случи уште еден историски ден за нашата национална атлетика. Огнен Стефановски, нашиот репрезентативец и единствен професионален десетобоец во Македонија, ја помести границата на човечките можности и на само 22 години постави нов национален рекорд – неверојатни 7189 освоени бодови. Исклучителен успех за македонскиот спорт кој долго ќе се памети.

Историски ден за македонската атлетика: Огнен Стефановски ги урна сите граници и постави нов рекорд во десетобој со 7189 бодови, докажувајќи дека во Македонија се раѓаат вистински атлетски воини

Огнен Стефановски постави национален рекорд во десетобој со освоени 7189 бодови – Детален преглед по дисциплини

Огнен Стефановски, член на АК Делта од Македонија, со својот интензивен труд и посветеност, ги надмина сите очекувања. Во неверојатна форма, поединечно ги помина следниве дисциплини: - 100 метри – 11.10 секунди - Скок во далечина – 6.97 метри - Фрлање ѓуле – 12.29 метри - Скок во височина – 1.84 метри - 400 метри – 48.84 секунди - 110 метри со пречки – 15.07 секунди - Фрлање диск – 38.53 метри - Скок со стап – 3.90 метри - Фрлање копје – 49.82 метри - 1500 метри – 04:31.07 минути Овој резултат, според таблицата на WORLD ATHLETICS, вреди 1001 ИААФ бодови и означува нова ера за македонската атлетика, со што Огнен веќе ја премина границата од 1000 бодови пред и да стане сениор.

Огнен Стефановски постави национален рекорд во десетобој со освоени 7189 бодови – Детален преглед по дисциплини

Декатлонот – најтешката атлетска дисциплина, бара машина од човек за да се комбинираат 10 тркачки, скокачки и фрлачки натпревари

Огнен Стефановски е уникатен борец, единствен атлетичар во Македонија што професионално се натпреварува и тренира десет дисциплини истовремено. За да бидеш декатлонец, да балансираш меѓу фрлања, скокови и трчања и да успееш на врвно ниво – треба да си машина од човек.

Декатлонот – најтешката атлетска дисциплина, бара машина од човек за да се комбинираат 10 тркачки, скокачки и фрлачки натпревари

Во услови на минорна поддршка, Огнен успева да ги победи сите пречки и го носи знамето на македонската атлетика напред

Стефановски тренира и се натпреварува во услови кои се речиси еднакви на нула, патува низ целиот Балкан за да учествува на само два до три вишебои во една сезона и нема право на грешка. И покрај сето тоа, покажува исклучителна пожртвуваност и љубов кон атлетиката. Поддршката од матичната федерација е речиси невидлива – „Општо познато е дека Огнен не и е миленик на шефицата на Титаник поради тоа што и Огнен не е нејзино дете и истомисленик, па затоа и тешко до крајот на нејзиното владеење со актуелното раководство на АФсМ дека и ќе се смени нешто кон Огнен., напиша Игор Јакимовски на својот фејсбук профил.

Во услови на минорна поддршка, Огнен успева да ги победи сите пречки и го носи знамето на македонската атлетика напред

Македонскиот рекордер останува незабележан во федерацијата, време е јавноста и медиумите да ја променат оваа неправда и да му дадат поддршка за светла иднина

Иако оствари историски резултат и постави нов национален рекорд, името на Огнен не се појавува ни на официјалната веб страна на федерацијата, каде и понатаму стои име на друг рекордер од минатото. „А да се само тие два рекорди незабележани. Затоа сум јас тука за да видат и прочитаат сите љубители на кралицата на спортовите. За да видат и да ја пренесат оваа информација порталите и сите останати медиуми. За да ја прочитаат многу спонзори и добри луѓе и да му помогнат на Огнен за да успее во иднина во оваа дисциплина која бара многу жртва, тренирање, патувања и големи финансиски средства. СИТЕ ДА СЛУШНЕМЕ ЗА ОГНЕН И ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ОВОЈ ГОЛЕМ ВОИН. БРАВО ОГНЕН." , заврши Игор.

Македонскиот рекордер останува незабележан во федерацијата, време е јавноста и медиумите да ја променат оваа неправда и да му дадат поддршка за светла иднина

-->