Искрено со Крипто Гемиџија - наједуцираниот крипто инфлуенсер во Македонија: Дали криптовалутите се „револуција“ или модерен тренд што ќе исчезне?
In This Article:
- #2
- Најголемите корпорации во светот – BlackRock и Fidelity се финансирани од Биткоин
- Фондови за инвестирање во Биткоин и Етериум никнуваат низ целиот свет
- CBDC претставуваат дигитална верзија на кеш
- Новиот банкарски систем ќе биде целосно компатабилен со сите криптовалути
- Соработка што го редефинира финансискиот пејзаж
#2
За моите зборови да имаат поголема тежина, секогаш посочувам на она што се случува во реалноста кое е многу поголем доказ од било што што би рекол јас. 👉
Најголемите корпорации во светот – BlackRock и Fidelity се финансирани од Биткоин
Најголемите корпорации во светот – BlackRock (10.5 трилиони долари под менаџмент) и Fidelity (5 Трилиони долари под менаџмент) моментално се дебело инвестирани во Биткоин од 11.01.2024, откако беше одобрен првиот фонд за тргување Биткоин на традиционалните берзи – BlackRock до овој момент има инвестирано 28 Милијарди $ додека Fidelity 11 милијарди $. Овде нема ни да ги спомнам помалите инвестициски фондови кои исто така имаат значителни инвестиции во Биткоин. Ако овие магнати не знаат во што инвестираат – тогаш сигурно ние знаеме подобро.
Фондови за инвестирање во Биткоин и Етериум никнуваат низ целиот свет
Фондови за инвестирање во Биткоин и Етериум на традиционалните берзи моментално никнуваат низ целиот свет како печурки… Вклучувајќи земји како Канада, Хонг Конг, Австралија, Обединетите држави на Америка, Германија, Велика Британија, Русија, Бразил итн… Зошто се дозволува овие капитални добра да бидат достапни на традиционалните берзи во најголемите финансиски центри во светот ако ова е минлива технологија?
CBDC претставуваат дигитална верзија на кеш
CBDC или по Македонски – Дигитални валути на Централните банки, претставуваат дигитална верзија на кеш кои ни се претставуаат како нешто извонредно – но се само централизирана верзија на Крипто валутите под целосна контрола на еден ентитет – Централна банка, влада итн… Доколку оваа технологија е нешто минливо, зошто тогаш целиот свет развива CBDC вклучувајќи ја и Европската унија кон која ние слепо се стремиме?
Новиот банкарски систем ќе биде целосно компатабилен со сите криптовалути
Новиот банкарски систем за комуникација помеѓу финансиските иснтитуции ISO 20022 после престанувањето на постоење на SWIFT во Декември 2025 година ќе биде целосно компатабилен со сите Крипто валути кои ќе ги исполнуваат условите од погоре спомнатиот ISO стандард. Такви веќе постојат – XRP, XLM, ALGO, IOTA, Quant и истите веќе можат да бидат користени за меѓу банкарски трансакции во банките и финансиските иснтитуции кои веќе се префрлиле на новиот комуникациски систем. Зошто новиот финансиски комуникациски систем ISO 20022 е компатабилен со Блокчејн технологијата и Крипто валутите ако ова е технологија која е минлива?
Соработка што го редефинира финансискиот пејзаж
SWIFT моментално успешно го користи Крипто проектот Chainlink LINK за градење комуникациски систем за трансфер на капитал помеѓу традиционалните финансии и Крипто/Блокчејн ентитети – Зошто ваква соработка со еден од највисоките субјекти во глобалните финансии ако оваа технологија има рок на траење? Некогаш човек немора да дава свое мислење, доволно е да покаже што се случува во светот околу нас, секој може од ова да си извлече сам заклучок.