No Image x 0.00 + POST No Image

Интересна идеја од Грците: Фотоволтаици на балконите наместо огради

SHARE
20

Грција подготвува нов чекор во домашната енергетика: за првпат со посебни правила би се дозволило поставување мали фотоволтаични системи на балкони, наменети за сопствена потрошувачка на електрична енергија. Нацрт-уредбата на Министерството за животна средина и енергетика е веќе ставена на јавна консултација, која трае до 20 јули.

Интересна идеја од Грците: Фотоволтаици на балконите наместо огради

До 800 вати на балкон и без враќање струја во мрежата

Според предлогот, граѓаните ќе можат да инсталираат системи со моќност до 800 вати, односно со инсталиран капацитет до 900 вати. Тие ќе служат исклучиво за сопствени потреби, без можност произведената електрична енергија да се враќа во електродистрибутивната мрежа.

До 800 вати на балкон и без враќање струја во мрежата

Батерии, лифтови и осветлување за станбените згради

Предвидена е и можност овие системи да се поврзат со батерии за складирање енергија. Уредбата отвора простор и за поставување самостојни батериски системи, како и заеднички фотоволтаични системи за станбени згради. Преку нив би се покривала потрошувачката за заедничките простории, како осветлување и лифтови.

Батерии, лифтови и осветлување за станбените згради

-->