Имала само 20 години кога влегла во харемот на арапски милијардер, а зад луксузот ја чекал петгодишен договор
Светот на ултрабогатите магнати одамна ги привлекува младите девојки од модната индустрија со ветувања за баснословен луксуз, патувања со приватни авиони и живот на најскапите светски јахти. Но зад затворените врати на модерните хареми на богаташите, реалноста често изгледа поинаку: прецизно дефинирани правила, строги договори и целосна контрола врз приватноста.
In This Article:
Џил Дод работела за европски модни списанија кога на Азурниот брег го запознала Аднан Кашоги
Американската манекенка тогаш имала едвај 20 години. На една гламурозна забава го сретнала саудискиот бизнисмен, а неговата дарежливост и внимание брзо ја воодушевиле. Набргу добила покана да му се придружи на неговата луксузна суперјахта, опкружена со гардеробери полни со висока мода од најпознатите светски дизајнери.
Пред поблиска врска дошол официјален договор на пет години
Она што за младата девојка изгледало како бајка, набргу добило сосема поинаква димензија. Милијардерот барал потпишување документ според кој тој се обврзал финансиски да обезбеди се што и е потребно, да и го финансира образованието и да и овозможи непречено движење низ светот. За возврат, таа морала да биде достапна на секој негов повик.
Во неговиот круг имало повеќе жени со идентичен статус
Дод подоцна откри дека тие функционирале според хиерархиски правила. Однадвор, се можело да изгледа како љубовна врска исполнета со дијаманти и престиж, но суштината на ваквите аранжмани била јасно купување на наклоност и статус. По две години поминати во таква средина, таа успеала да ја прекине врската и да изгради сопствена независна кариера, оставајќи зад себе сведоштво за механизмите кои и денес остануваат реалност во круговите на светската елита.