No Image x 0.00 + POST No Image

Има 60 години, не користи ботокс, ниту оди в теретана: Салма Хајек ја откри својата бизарна тајна за младост - „Пајаците се неверојатни“!

SHARE
0

Салма Хајек во септември го прослави својот 60-ти роденден, а комплиментите за нејзиниот младешки изглед не стивнуваат. Но, зад тоа не стои строга диета, ниту часови поминати во теретана. Актерката зборува за поинаква рутина: умерена исхрана, редовна нега на кожата и внимателно слушање на сопственото тело.

Има 60 години, не користи ботокс, ниту оди в теретана: Салма Хајек ја откри својата бизарна тајна за младост - „Пајаците се неверојатни“!

Смутито во кое заедно влегуваат папаја, црвена пиперка, целер и путер од бадеми

Хајек не брои калории и не си ја ускратува храната што ја сака. Се стреми кон разновидна исхрана, а денот најчесто го започнува со хранлив оброк. Еден од нејзините омилени пијалаци е смути подготвено од повеќе видови овошје и зеленчук. Во него има папаја, боровинки, манго, јагоди, семки од калинка, целер, црвена пиперка и краставица, со додаток на путер од бадеми и кокос.

Смутито во кое заедно влегуваат папаја, црвена пиперка, целер и путер од бадеми

Во мексиканската куjна не бега од штурци, јаjца од мравки и црви

Актерката признава дека јаде и храна што за многумина може да звучи бизарно. Во интервју за „Harper’s Bazaar“, таа отворено зборуваше за традиционалната мексиканска кујна, која вклучува намирници како штурци, јајца од мравки и црви. „Испржете ги. Сè што е пржено има добар вкус, но овие се навистина вкусни. Пајаците се неверојатни“, изјави Хајек.

Во мексиканската куjна не бега од штурци, јаjца од мравки и црви

Кога распоредот ќе ја исфрли од ритам, соковите и служат како „нов почеток“

Кога стресот и набиениот распоред ќе доведат до тоа да јаде повеќе отколку што би сакала, Хајек повремено прибегнува кон детоксикација со сокови за да ги ресетира своите навики. „За мене тоа е како медитација. Ме тера да застанам, да се фокусирам и да размислам што внесувам во своето тело. Тоа е мојот начин за нов почеток“, истакна актерката.

Кога распоредот ќе ја исфрли од ритам, соковите и служат како „нов почеток“

Наместо ботокс и филери, избира радиофреквенциjа, микроструjни терапии и тепесковите

Кога станува збор за негата на лицето, Хајек вели дека не користи ниту ботокс, ниту филери. Таа ги избегнува инвазивните естетски процедури, но користи современи неинвазивни третмани, конкретно радиофреквенција и микрострујни терапии, кои помагаат во подобрување на цврстината на кожата и намалување на видливите знаци на стареење. Значајна улога во нејзината секојдневна рутина има и „тепесковите“ (tepezcohuite), состојка добиена од кората на дрво што расте во Мексико. Таа традиционално се користи за регенерација на кожата и, според Хајек, кај неа дава одлични резултати.

Наместо ботокс и филери, избира радиофреквенциjа, микроструjни терапии и тепесковите

Работни денови до 20 часа и мускули активни дури и додека ги мие забите

Салма Хајек не е љубител на конвенционалното вежбање, за кое често нема време поради напорните снимања. „Немам време за вежбање, работам. Понекогаш моите работни денови траеле и до 20 часа“, изјавила таа за списанието People. Затоа пронашла поинаков начин да остане активна: посветува големо внимание на држењето на телото и се труди да ги активира мускулите за време на секојдневните обврски. Додека престојувала во Лондон, работела со инструктор кој ја научил како да ги активира мускулите дури и при наједноставните задачи, без воопшто да стапне во теретана. „Дури и кога ги миете забите, вашите мускули можат да бидат активни“, објаснила таа. Покрај тоа, редовно практикува реставративна јога за опуштање на телото, а на лентата за трчање, наместо да трча, претпочита да танцува.

Работни денови до 20 часа и мускули активни дури и додека ги мие забите

Масерката од Јапониjа што ја нарекува свое „таjно оружjе“

Покрај исхраната, негата на кожата и движењето, актерката не ги занемарува одморот и закрепнувањето. „Имам терапевт за масажа, но таа живее во Јапонија и го посетува Лондон само повремено. Кога е тука, таа е моето тајно оружје. Масажата ја стимулира циркулацијата, помага во снабдувањето на мускулите со кислород и е одлична за лицето, особено за лимфна дренажа“, открива Хајек.

Масерката од Јапониjа што ја нарекува свое „таjно оружjе“

-->